X
 05.02.2016 Живот

Викенд временска прогноза... Какво време не` очекува на почетокот од наредната недела?



Во Македонија во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди, ветровито и студено. Претпладне околу Малешевијата и Беласица ќе постојат услови за провејување на снег. Ќе дува засилен и студен северозаапден и североисточен ветер, кој ќе достигне брзина и до 50 км/ч. Утринските температури од -4 до 4 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 2 односно до 11 степени.

Во Скопје во петок умерено облачно со повремени сончеви периоди, ветровито и постудено. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Утринската темпратура од 2степени, а максималната дневна до 7 степени.

Во деновите од викендот Македонија ќе биде под влијание на антициклонска циркулација која што ќе услови претежно сончево време, но поради ладната воздушна маса се очекува и постудено време, особено во текот на ноќта и раните утрински часови. Во сабота утринските од -6 до 3 степени, а максималните од 3 до 11 степени, додека пак во недела утринските од -8 до 1 степен, а дневните од5 до 13 степени. Во понеделник умерено облачно со сончеви периоди, попладне во северозападните, западните и југозападните предели нестабилно. Услови за врнежи од дожд ќе има и во вторник во цела Македонија и дневни температури од 6 до 14 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот