X
 08.01.2016 Живот

Временска прогноза: Какво време да очекуваме во наредните 5 дена?



width= Во Македонија во раните утрински часови појава на магла ќе има во северните и североисточните предели. Утринските температури ќе бидат во опаѓање и ќе се движат од -5 до 2 степени. Во текот на денот ќе преовладува претежно сончево време со локална облачност и потопло.Ќе дува умерен северозападен ветер, а во западните предели умерен југозападен ветер. Максималните дневни температури ќе достигнат до 3 односно до 14 степени. Воздушниот притисок ќе биде во пораст.

Во Скопје во утринските часови ќе има појава на слаба магла. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од -2 степени, а максималната дневна до 8 степени.

Во сабота умерено облачно со сончеви периоди и потопло. Максималните температури ќе достигнат до 5 односно до 15 степени. Умерено облачно со сончеви периоди ќе биде и во недела, попладне во западните предели со услови за врнежи од дожд. Дневните температури од 5 до 15 степени. Во првиот ден од новата работа недела умерено облачно со сончеви периоди и топло, со температури од 6 до 16 степени. Во вторник услови за врнежи од дожд ќе има во западните, северните и североисточните предели. Максималните температури од 5 до 15 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот