X
 30.08.2016 Технологија

Пораката позади црно-белите фотографии на Фејсбук

фб 

 

Во последно време корисниците на Фејсбук се' почесто објавуваат црно-бели фотографии проследени со пораката „прифатен предизвик“. На прв поглед не е јасно за што станува збор, меѓутоа на овој начин корисниците сакаат да ја дадат својата поддршка во борбата против ракот.


Така, овие кратки и нејасни пораки ги збунија корисниците бидејќи обично поддршката во борбата против разните болести на социјалните мрежи се искажува доста појасно, како некогашниот „Ice Bucket Challenge“ за ALS. Во овој случај на корисниците не им беше јасно дали се поддршката е поради некоја причина или општо, за да се поддржат сите жртви на ракот и да се зголеми свеста за оваа ужасна болест.

 

Трендот се шири насекаде низ светот, а на почетокот на август стана особено популарен во Индија, после што беше проследен во Велика Британија.

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија