X
 05.09.2016 Наука

Дали постои петта природна сила?

Во текот на летото многу светски медиуми и научни богови навестуваа нешто што би можело да биде и поспектакуларно од откривањето на гравитацијата. Станува збор за потенцијална петта основна сила на природата.

физика


Повод за темата даваат тим научници од Универзитетот Ирвин во Калифорнија, на чело со Џонатан Фенг, кој на 11 август објавува труд за т.н. петта протофобна интеракција. Во студијата објавена во престижното научно списание Physical Review Letters, калифорниските физичари објаснуваат многу необично расејување на изотоп на берилиум, најпрвин забележано од унгарски физичари. Во студијата се објаснува за потенцијалната петта сила, покрај досегашните четири.

Допрва подетално ќе дознаваме за што станува збор, но ако се произнесат цврсти докази за оваа појава, петтата сила би била револуционерно откритие во полето на физиката.

Четири основни сили

Модерната физика се основа на идејата дека сé околу нас, што гледаме и знаеме, на базично ниво го одржуваат четири основни сили или интеракции, како што ги нарекуваат физичарите – гравитациона, електромагнетна, слаба и силна нуклеарна сила.

Гравитацијата е најслаба меѓу овие четири, но на големо растојание управува со движењето на ѕвездените системи и галаксии. Како таа функционира е познато уште од времето на Њутн.Електромагнетната сила дејствува меѓу наелектризирани честички. Со нејзино опишуве физичарите објаснуваат многу нешта, сите феномени што вклучуваат наелектризирање, магнетизам и елетромагнетни бранови, а со тоа и однесувањето на светлината.

Силната нуклеарна интеракција е најголема сила од сите четири. Таа ги држи на куп протоните и неутроните во внатрешноста на честиците и делува само во рамки на јадрото на многу кратко растојание.

Слабата нуклеарна интеракција дејствува меѓу сите т.н. фермиони, или честички со фракциони спинови, како што се протони и електрони. Со неа физичарите го објаснуваат радиоактивното распаѓање во јадрото. Оваа сила е обединета со електромагнетната.

Темен универзум

Може да се сумира дека овие четири сили го држат светот на куп. И покрај добро познатите правила на дејствување на силите, физичарите знаат дека постојат уште многу аспекти за истражување. Темната материја е најмалку 27% од вкупната маса на универзумот. Токму овде лежат голем бројни прашања и мистерии.

Токму темната материја го поттикнала прашањето за постоење на петта основна сила. Минатата 2015 година, тим научници од Институтот за нуклеарни истражувања во Дебрецен во Унгарија ја поставуваат теоретската претпоставка за оваа сила, на која би реагирала темната материја. Тимот дошол до неочекувани резултати додека сосема нормално го набљудувал  на споменатите изотопи на берилиум (8Be). За време на експериментот, како последица на распадот на берилиумот, една мистериозна ниско-енергетска честичка се распаднала на пар од електрон и позитрон и се расејувала под многу чуден агол. Унгарските научници овде се посомневале на темната материја.

Во физиката, ако феримоните се честички со фракциони спинови, бозоните се честички со целосни спинови, а воедно и носители на интеракции. Една година подоцна калифорниските физичари направиле детална анализа на овие податоци, со што се покажало дека станува збор за бозон, кој го нарекле X бозон со претпоставена маса од само 16,7 мегаелектронволти. Неговата интеракција би дејствувала на многу помали растојанија од досега познатите четири основни сили. Калифорниската студија ги потврдува претпоставките на унгарските физичари, а со досегашните откритија физичарите ширум светот нема да имаат потешкотии да го повторат експериментот и да се произнесат со нови докази.

За сега, претпоставките сé уште не може да се озаконат.

Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука