X
 13.09.2016 Наука

Пријателите имаат слично ДНК

Велат ако немате пријатели, тогаш немате ништо. Нема ништо поубаво кога со своите пријатели делите интереси и мигови исполнети со дружење, забава и разговори, па дури и тешки животни моменти. Но, истражувачите велат дека пријателите дела нешто многу повеќе од тоа. Според најновите истражувања на Универзитетот Јејл, пријателите делат и исти гени!

 

Експертите сметаат дека 1 посто од ДНК-то на пријателите е исто - можеби ова е минимален процент, но во генетиката е навистина изненадувачки факт, со оглед на тоа дека ДНК-то е уникатно и индивидуално. Еден процент од гените ни се исти и со роднините од четврто колено и прапрапрабаби и дедовци, велат научниците. Следствено на ова, пријателите можат да се вбројат во семејство и во научна смисла.

 

 

 

За да ја потврдат оваа теорија научниците извршиле испитувања на 2 илјади лица, во расна и етнички хомогена средина. Ова можеби не е најдобар начин за спроведување на научни истражување, но во овој случај е потребно заради тенденцијата да се испитаат лица кои делат иста раса. Истражени биле околу 1300 парови на пријатели.

 

По истражувањата, дошле до заклуччок дека тој еден процент на сличност во ДНК-то се однесува најмногу на сетилото за мирис. Затоа и често се случува да делиме ист вкус за парфеми со нашите пријатели. Од друга страна, пак, со ова се потврдува и теоријата дека мирисиот всушност е оној преку кој луѓето меѓусебно се привлекуваат. Пријателите се различни во врска со генетската заштита од болести, за разлика од странците. Интересна карактеристика, која значи дека полесно може да добиете заразна болест од странец отколку од близок пријател. На еден начин, се штитите меѓусебно, креирате некој комбиниран имун систем, кој ви е од полза во борбата со болести.

 

Уште едно откритие е дека оние гени кои ви се слични со пријателите еволвираат многу побрзо од останатите. Па се претпоставува дека нашето социјализирање, можеби придонесува кон забрзување на еволуцијата.

 

По сето ова, доаѓа до теорија дека луѓето, како индивидуи се управувани од одреден генетски код кој не зближува меѓусебно. Или пак, самата еволуција не доближува едни на други со цел и самата да се забрза. Целосни одговори на овие прашања и претпоставки би се добиле кога комплетно би се утврдиле генетските кодови и нивните функции. Досега, многу малку знаеме за ДНК-то и сите негови карактеристики, кои откако би ги дознале, би ни помогнале во решавањето на многу мистерии во врска со човековата природа.

 


Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука