X
 19.10.2016 Живот

Разликата меѓу САД и Велика Британија прикажана во едно кратко видео

Во видеото од десет секунди што го подготви некој твитерџија се прикажува јазот меѓу стереотипните американски и британски вести.


Прва се појавува Џуд Џанин Пиро во вестите на Фокс.

„Мораме да ги убиеме“, вели таа, мислејќи на ИСИС. „Вие сте во опасност. Јас сум во опасност. Бомбардирајте ги, и уште еднаш!“


Потоа ете ги ББЦ, објавуваат...

„Уапсена е кокошка во обид да премине улица во Данди.“

Дрската монтажа што ги истакнува стереотипите за медиумите во САД и во Велика Британија, растури по социјалните мрежи – во рок пократок од 24 часа од објавувањето, постот бил ретвитнат 1800 пати и добил 2000 лајкови.  

Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот