Седната на еден вид кофа обложена со ќесе, како врши нужда на надморска височина од 4.350 метри. Околу неа снежен обрач - импровизиран тоалет. Ликовната уметница и алпинистка Илина Арсова утрово на социјалната мрежа „Фејсбук“ стави нејзина фотографија од кампот 4 во Денали, Алјаска, додека го освојувала највисокиот врв на Северна Америка. Контекстот на фотографијата, заедно со нејзиниот коментар е на тема екологија. Ви го пренесуваме целиот коментар:
„Оваа е за посабајле и ја посветувам на сите политичари на светот, шо би се рекло ми се оди по надвор од вас!!! Нека извинат оние што ми се пријатели ама не е ништо лично :) Инаку во оваа ситуација јас со насмевка на лицето се празнам на околу 4.350 м.н.в. и многу минус степени, за потоа изметот да си го носам со себе во наредните 4-5 дена се додека не најдам соодветно место за негово отстранување од мобилниот тоалет. И тоа некаде на Алјаска при освојувањето на највисокиот врв на С. Америка. Во буквална смисла смрзнувајки си го газот како прва жена од РМ со најискрен спортски дух и Mакедонија во срцето и душата. А вие драги мои што напраивте за екологијата во земјава во минатите 9 години???“.