X
 11.11.2016 Образование

Дали електронските книги имаат моќ да ги истиснат од употреба печатените изданија?

Развојот на технологијата изминатите години не ги одмина и печатените книги, а дури почна да претставува и сериозна закана за тој пазар. За прв пат оваа година издавачите забележуваат пад на продажбата кај електронските книги.

човек мириса книга


И прокрај  фактот што и дигиталните и печатените книги може да се продаваат на пазарот, прашањето сѐ уште е тема на расправа. Потенцијалното „исчезнување на книгата“ веројатно и не оди во прилог на многумина, особено на оние што имале можност да ја согледаат огромната разлика при ефектите кај читателот кога се чита дигитално и во печатена верзија.

Но, ова прашање има и многу поинаква позадина и го начнува дискусија за тоа колку јавноста е спремна за иновации и колку има страв од промени. Всушност, стравот дека новиот медиум ќе го „убие“ претходниот постои уште одамна. Со појавата на телевизијата, се стравувало дека ќе „умре“ радиото. Но, луѓето му најдоа нова примена: во автомобили, во јавен превоз или во производствени погони.

За исчезнувањето на книгата постојат сомнежи уште со појавата на фонографот во 1984 година. Потоа се појавиле аудио-книгите. Сега има и филмови, и радио, и телевизија, интернет страници и паметни телефони и други слични уреди кои се на страната на дигиталните изданија на книгите.

При ваков технолошки развој, на ова прашање заслужено му се придава важност. Бројни студии докажале дека луѓето имаат тенденција да создадат емотивни врски со книги, предмети, паметни уреди и сл. Напоредно на ова за е-читателите ова значи и прилагодување на таа емотивна врска со новиот начин на кој читањето е дел од животот. Поради ова се појавува копнеж и носталгија за она што било до пред неколку години и токму затоа целата индустрија почна да се врти кон ретро производите и постарите технологии. Звучните филмови во 1920тите разбудиле носталгија за немите филмови, компактните дисковите за грамофонските плочи, па не е ни чудно што дигиталните книги будат носталгија за печатените.

Ова сé уште зборува за тенденцијата за напредок во технологијата и стравот за промената што е негов нуспроизвод. Човекот дури ги идентификува крајот на медиумот со „смрт“ и „умирање“, а тоа дополнително укажува на силната емоционална врска се креирала со веќе постоечкото.
Но, ако стравувате дека и на книгите им следува истата „судбина“, потсетете се дека преживеале многу технолошки револуции и се во добра положба да ја преживеат и оваа.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование