X
 14.11.2016 Наука

Не пропуштајте! Месечината денес е на најмала оддалеченост од Земјата во последните 68 години

Вечерва обидете се да одвоите неколку минути за да ја погледнете сјајната Супермесечина на небото. Ова е важен астрономски настан затоа што природниот сателит на Земјата ќе биде на најмала оддалеченост од неа од 1948 година.

Супермесечина


Месечината ќе биде за околу 14% поголема и за околу 30% посјајна од обично. Следната ваква Месечина ќе треба да ја очекуваме дури во 2034 година.

За да биде најдобро видлива „Супермесечина“ треба да се набљудува (или фотографира) веднаш по изгревањето над хоризонтот (околу 18 часот) или пак пред заоѓање (околу 05 часот), кога е близу до хоризонтот. Поради оптичкиот ефект на атмосферата и на хоризонтот, во таква положба ќе изгледа уште поголема отколку што е реално.

Зошто се случува Супермесечината?

Месечината има елиптична орбита и на едната страна е за 48.280 км поблиску до Земјата отколку од другата страна. Кога Сонцето, Месечината и Земјата се порамнуваат со нејзината најблиска точка „перигеј“, свртени кон нас, а Месечината е на спротивната страна на Земјата во однос на Сонцето, таа изгледа многу посјајна на нашето небо. Супермесечината прецизно се нарекува перигејска Месечина.

Кога ќе го достигне врвот, Супермесечината ќе биде во тој облик околу 2 часа. Од НАСА потврдуваат дека следната ваква Месечина ќе ја очекуваме на 25 ноември 2034 година.

Кога овој природен сателит е најблизу до Земјата, неговото влијание на гравитацијата го достигнува врвот. Многу поинтересни се и астролошките толкувања за оваа појава, со тоа што во астрологијата Месечината влијае индивидуално на сите, а особено на интензитетот на емоциите. Но, за ова останува да истражуваат фановите на астрологијата. Во продолжение погледнете во видеото што вели науката:

Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука