X
 18.11.2016 Живот

Викенд временска прогноза и какво време да очекуваме на почетокот од наредната недела?



Денес е петок, 18 ноември 2016 година, 323-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:21, а ќе зајде во 16:15 часот. Денот ќе трае 9 часа и 54 минути.

Во утро во Македонија имаме ведро и студено време, но потопло во однос на претходните денови. По одделни котлини има појава на утринска магла која со првите сончеви зраци ќе започне да се крева.

МАКЕДОНИЈА – Облачните и студени денови се позади нас, денеска не очекува сончево и топло време со максимални температури кои ќе го надмирнат просекот за овој период од годината. Слаб југоисточен и југозападен ветер. Утринските температури од -3 до 2 степени, додека пак максималните дневни ќе бидат во пораст и ќе се движат од 10 до 17 степени.

СКОПЈЕ – Во Скопје во утринските часови појава на магла. Во текот на денот сончево и потопло време. Слаб јужен ветер. Утринската температура од 0 степени, а максималната дневна до 14 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – И во деновите од викенот ќе продолжи трендот стабилно време и пораст на температурите како на утринските така и на дневните температури. Во сабота и недела претежно сончево со локална облачност и топло со температури од 10 до 17 степени, односно од 11 до 18 степени. Во понеделник и вторник сончево и топло време, иако од вторник се очекува благо опаѓање на температуте. Во понеделник од 11 до 18 степени, а во вторник од 9 до 16 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот