X
 23.11.2016 Технологија

Внимавајте! Нов вирус се шири на „Facebook“

Пред два дена, „Facebook“ стана преплавен од необична содржина, со формат на слика .svg што не содржеше никаква слика. Корисниците ја испраќале оваа содржина без свое знаење и стана очигледно дека станува збор за малициозен код кој успешно ги проби филтрите на „Facebook“.

Оваа .svg датотека не содржела слики, туку „Java“скрипт што ги насочуваше корисниците на лажна „YouTube“ страница која бара инсталација на посебен додаток за прелистувач, за да може да се отвори содржината. Овој додаток служи за испорака на дополнителен малициозен код на компјутерот на корисникот.


 Facebook


Експертите веднаш ги контактираа „Facebook“ и „Google“, за да се обидат да ја спречат оваа закана која успеа да ги заобиколи и безбедносните филтри на „Facebook“. Некои експерти предупредуваат дека со оглед на фактот дека вирусот може да испраќа пораки без знаење на корисникот, паметно е да ја промените лозинката на „Facebook“ по чистење на компјутерите од вирусот. Меѓу првичните чекори за блокирање на ширењето на ваков материјал треба да ја оневозможите работата на „JavaScript“ во пребарувачите.

Како и секогаш, корисниците треба да преземат некои основни активности за заштита на нивните сметки и компјутери од малициозниот код:

1.Не кликајте и не преземајте било каква (непроверена) содржина. Во овој пример со „Facebook“, социјалната мрежа обично покажува преглед (thumbnail) на сликовниот материјал, а секое друго кликнување го зголемува ризикот и покрај филтрите кои овој сервис ги има поставено. Особено треба да бидете сомнителни на пораките што не содржат ништо друго освен некакви датотеки.

2. Во случај некоја страница или сервис да бара внесување на податоци, но на било кој начин тоа изгледа сомнително, ова треба да се игнорира. Веб-страниците преку кои се настојува да се измамат корисниците изгледаат многу слично.

Во делот каде што се впишува интернет адресата треба да го проверите URL, па доколку стои faceb00k (или некоја друга варијанта), наместо „Facebook“, не треба да ги внесувате вашите информации.

3.За нештата да бидат дополнително обезбедени, треба да користите верификација на две сметки. Нејзиното активирање зависи од сервисот, но „Facebook“ овозможува одлична заштита за повеќе e-маил адреси на корисници, апликации и мобилен телефон. На овој начин, дури и ако некој се обиде да ја „нападне" сметката, ќе им треба потврден код за апликацијата или СМС пораките.

Не е познато дали до овој момент „Facebook“ ги отстрани сите .svg датотеки. 
SaveSave
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија