X
 17.08.2023 Наука

Во Русија е откриена една од најстарите синагоги во светот

Остатоци од синагога од добата на Вториот храм (пред околу 2.000 години) се откриени во древниот град Фанагорија, кој се наоѓал во денешна Југозападна Русија, на брегот кај Азовското и Црното Море.

Ова е една од најстарите досега откриени синагоги во светот, а според анализата на фрагментите од наоѓалиштето, веројатно постоела повеќе од 500 години откако била изградена на почетокот на 1 век п.н.е. Храмот е изграден во правоаголен облик, долг близу 20 метри и широк шест метри. Поделен е во две простории. Градбата имала насликани ѕидови, покрив со ќерамиди и други украси. Покрај тоа, археолозите открија неколку менори, жртвеници и делови од мермерни стели.



Пар плочки пронајдени на ова археолошко место датираат од 1 век. Според истражувачите, неколку синагоги се граделе или функционирале во времето кога била изградена и оваа синагога.

Истражувачите забележуваат дека многу од најраните синагоги откриени досега датираат од третиот век. Сепак, синагогата во Фанагорија веројатно била уништена во 6 век, кога варварските племиња ја срамниле Фанагорија со земја.

Еврејска заедница во блискиот Краснодар ја поздрави веста за откривањето на синагогата. Рабинот од Краснодар, Менахем Мендел Лазар најави делегација за посета на местото откако ќе биде поканет од надлежните власти.

Според соопштението, археолошките напори околу ископувањето на древниот еврејски храм биле помогнати со парични средства од Фондацијата „Волное дело Пангорија“, основана од рускиот милијардер Олег Дерипаска.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука