X
 07.12.2016 Живот

Временска прогноза до крајот на неделата

Денес е среда, 7 декември 2016 година, 342-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:42, а ќе зајде во 16:07 часот. Денот ќе трае 9 часа и 25 минути.

Во утринските часови по котлините имаме појава на магла, која со првите сончеви зраци ќе започне да се крева. Во останатите предели е претежно ведро и постудено време со пониски утрински температури.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес во утринските часови појава на магла по котлините и долините а не очекува и постудено утро бидејќи утринските температури ќе бидат во опаѓање и ќе се движат во интервал од -7 до 0 степени. Во текот на денот претежно сончево со локална облачност, ветровито и свежо време. Појава на локална облачност се очекува во западните и југозападните предели. Ќе дува доумерен северозападен и североисточен ветер. Максималните дневни температури ќе бележат тренд на благо опаѓање и ќе достигнат до 3 односно до 12 степени.

СКОПЈЕ – Во Скопје во утринските часови појава на магла која што ќе се задржи и во раните претпладневни часови. Во текот на денот претежно сончево време со појава на локална облачност. Утринската температура од -3 степени, а дневна до 9 степени. Ќе дува слаб северозападен ветер.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во наредните денови под влијание на поле на висок воздушен притисок се очекува претежно сончево време. Во четврток по студеното утро со температури од -10 до -2 степени, во текот на денот ќе биде сончево со дневни температури од 2 до 10 степени. Сончево и потопло време со тренд на пораст на температурите не очекува во петок и сабота кога максималните температури ќе се движат од 6 до 13, односно од 8 до 15 степени. Во недела претежно сончево со појава на локална облачност и дневни температури од 6 до 13 степени

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот