X
 08.12.2016 Култура

Ана Дурловски во Лучија ди Ламермур

Оваа сабота, сцената на МОБ е домаќин на нашата, а светска, Ана Дурловски. Со почеток во 20ч., публиката ќе има ретка можност, да ја чуе во улогата на Лучија од операта Лучија ди Ламермур.



Ана Дурловски, своето професионално деби го имаше токму со оваа улога на сцената на МОБ, за да понатаму продолжи да ја гради својата кариера во и надвор од границите на Македонија. Таа е првиот и единствен македонски оперски уметник кој настапил на сцената на њујоршката Метрополитен опера, а настапи бележи и на скоро сите големи европски оперски сцени.

Ана Дурловски е одликувана со државната награда НАЦИОНАЛЕН УМЕТНИК минатата година, за која изјави дека е најголемото признание кое еден уметник може да го добие, посебно бидејки се работи за признание од матичната држава. Набројавме и повеќе од доволно причини, зошто МОБ оваа сабота треба да биде ваша дестинација.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура