X
 14.12.2016 Живот

Временска прогноза за наредните 5 (пет) дена

Денес е среда, 14 декември 2016 година, 349-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:48, а ќе зајде во 16:08 часот. Денот ќе трае 9 часа и 20 минути.

Ова утро имаме ведро и ледено утро со утрински температури кои како што вчера ви најавивме насекаде се негативни.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес по ведрото и доста студеното утро со утрински температури од -12 до -3 степени, во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност, ветровито и студено време. Ќе дува доумерен слаб југоисточен и југозападен ветер. Максималните дневни температури ќе достигнат до 0 односно до 8.

СКОПЈЕ – Во Скопје по студеното утро во текот на денот ќе биде претежно сончево време со појава на локална облачност и студено време. Ќе дува слаб југ и југозападен ветер. Минималната температура од -8 степени, а максималната дневна температура ќе достигне до 3 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во наредниот период продолжува стабилното време без врнежи од дожд но и студено со температури кои ќе бидат под просекот за овој период од годината, особено утринските и температурите во текот на ноќта. Во четврток и петок малку потопло, но сепак студено утро, а во текот на денот ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Во четврток утринските температури од -7 до 2 а дневните од 3 до 10 степени, додека пак во петок минималните од -6 до 3 степени, а максималните од 1 до 8 степени. Во сабота и недела сончево и студено време со опаѓање на утринските температури кои ќе се движат од -8 до 1 во сабота односно од -11 до -2 степени во недела. Во текот на денот сончево и потопло време со дневни температури од 1 до 8 односно од 2 до 9 степени.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот