X
 07.03.2016 Живот

Неделна временска прогноза: Какво време да очекуваме во наредните денови?



Во Македонија во утринските и раните претпладневни часови ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Претпладне продор на влажна воздушна маса од запад која ќе донесе поинтензивни врнежи од дожд. Врнежите прво ќе започнат во западните предели и ќе се прошират и во останатите предели. Локално се очекуваат да наврнат од 20 до 30 литри. Ќе дува засилен југоисточен и југозападен ветер со брзина до 70 км/ч. Утринските температури од 5 до 12 степени, а максималните од 9 до 18 степени.

Во Скопје во понедленик претпладне ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди, топло и ветровито. Попладне нестабилно со поинтензивни врнежи од дожд. Утринската температура до 10 степени, а максималната дневна до 16 степени.

Во Македонија во вторник во утринските часови во источните предели врнежите од дожд ќе престануваат, во текот на денот ќе биде умерено облачно со сончеви периоди со температури од 9 до 17 степени. Во среда и четврток умерено облачно со услови за слаби врнежи од дожд и пад на дневните температури. Во среда од 6 до 14 степени, додека пак во четврток ќе се движат од 5 до 13 степени. Во петок во Македонија умерено облачно со сончеви периоди и температури од 6 до 14 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот