X
 29.12.2016 Живот

Новогодишна временска прогноза



Денес е четврток, 29 декември 2016 година, 364-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:55, а ќе зајде во 16:16 часот. Денот ќе трае 9 часа и 21 минутa.

Ова утро имаме претежно облачно, ветровито и студено време. Слаби врнежи од снег или провејување има во Маврово, Крива Паланка и на планинскиот превој Ѓавато. Додека пак намалена облачност и услови за кратки сончеви периоди има во источните и југоисточните предели.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес не очекува умерено облачно време со повремени сончеви периоди, ветровито и студено. Наутро и претпладне во крајните североисточни, северни и северозападни предели постојат услови за провејување на слаб снег. Ќе дува доумерен засилен североисточен и северозападен ветер кој ќе достигне брзина и до 40 км/ч. Утрински температури ќе се движат во интервал од -7 до 3 степени. Додека пак максималните дневни ќе достигнат до -4 односно до 7 степени, што воедно ќе бидат под просечно студени за овој перод од годината.

СКОПЈЕ – Во Скопје умерено облачно со услови за повремени сончеви периоди попладне, ветровито и студено време. Ќе дува доумерен засилен северозападен ветер. Утринската температура од -1 степен, а максималната дневна до 2 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во петок појава на утрински мраз и студено време со утрински температури од -11 до -2 степени, а во текот на денот претежно сончево со локална облачност и температура до -5 односно 5 степени. Во последното утро од 2016 година како и во првото од 2017 не очекуваат ледени температури кои ќе се движат во интервал од -14 до -5 степени. Во текот на денот ќе биде сончево и потопло време со благ пораст на дневните температури кои во сабота ќе се движат од -3 до 7 степени, а во недела од 0 до 10 степени. Во понеделник претежно сончево и потопло време, утринските температури од -11 до -3, а максималните од 1 до 11 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот