Британскиот уметник Крис Баркер оддаде почит на славните личности што нé напуштија во 2016 година, со користење на уметност преку фотографија, притоа инспириран од корицата на албумот на „The Beatles“-„Sergeant Pepper Lonely Hearts Club Band“.
Тој почнал со изработка на сликата ноќта на изборите во САД. Во тој момент, позадината била пустина, со исклучок на делото капа за
„Направи ја Америка одлична повторно“.
Како дополнение на познатитe личности, Баркер вклучил слика на Џo Кокс, пратеничка која деновиве беше убиена од страна на десничарскиот екстремист Томас Mеир.
Баркер изјавил за „indy100“ дека тој би сакал фановите на позадината „Sergeant Pepper“ да донираат за
Меморијалниот фонд на Џо Кокс, затоа што самата слика не е за остварување на профит.
Речиси комплетна форма на „Sergeant Pepper“ беше објавена на интернет
во ноември и беше за пофалба.
По веста за смртта на Кери Фишер, Баркер направил ажурирање за да го вклучи нејзиниот холограм од филмот „Star Wars: Episode IV-A New Hope“ (1977). Баркер ја опишал неговата тага кога дошло време да ја додаде Фишер на неговата слика „2016“: „Кери Фишер беше принцеза на срцата на неколку генерации“.
Исто така Баркер вклучил лична ставка француска хорна за која тој вели е лична посвета за неговиот пријател Џим, кој починал оваа година, а бил голем свирач на хорна.
Пишувајќи на својот блог
„christhebarker.tumblr.com“ Баркер ја објаснил неговата инспирација за сликата.
SaveSaveSaveSave