X
 16.03.2022 Технологија

„Старлинк“ - апликација која моментално најмногу се презема во Украина

Апликацијата „Старлинк“, која им овозможува на луѓето пристап до сателитски интернет-сервис, стана најкористена апликација во Украина, покажуваат новите податоци.

Апликацијата е преземена речиси 100.000 пати во Украина, а глобалните преземања се зголемени за повеќе од трипати во последните две недели. Потсетуваме, по руската инвазија на Украина, Илон Маск најави дека неговата компанија „Спејс екс“ ќе испрати помош во таа земја во вид на сателитски антени.

Податоците за преземање доаѓаат од „Сенсор тауер“, кој обезбедува податоци за „Еп стор“ и „Гугл плеј“. Апликацијата беше преземена 21.000 пати на глобално ниво само во неделата. Тоа е најголемиот број на инсталации во еден ден, додаваат од компанијата, а најголемиот дел од преземањата доаѓаат од Украина.

По „Старлинк“, Украинците моментално ја преземаат апликацијата „Јукрејниан аларм“, која е создадена за жителите полесно да добиваат предупредувања за воздушни напади.

Вклучете го „Старлинк“ само кога е потребно


На почетокот од март Маск предупреди дека има големи шанси сателитската широкопојасна услуга „Старлинк“ на неговата компанија да биде цел на непријателите на Украина. Тој ги советуваше корисниците да стават лесна камуфлажа над антената за да избегнат визуелно откривање на „Старлинк“. Тој, исто така, рече дека корисниците треба да го вклучат „Старлинк“ само кога е потребно и да ја постават антената што подалеку од луѓето.

Реакцијата на Маск дојде по неколку дена откако беше предупредено дека уредите што примаат сателитски сигнали може да станат еден вид патоказ за руските воздушни напади.

Извор: Nezavisne.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија