Дали Златниот Глобус е репер за Оскарите?

Иако Златниот Глобус и Оскарите се избрани од две целосно различни групи, двата настани обично имаат слични резултати.

 

оскар


Златниот Глобус оваа година се случи во исто време кога членовите на Академијата за филмските уметности гласаа за нивните номинирани, и се случуваат еден месец пред Оскарите. Манифестацијата на Златниот Глобус се случи на 8 јануари, додека Оскарите ги очекуваме на 26 февруари.

Иако постојат многу примери кога Златниот Глобус се разликувал од Оскарите, сепак се рефлектираат еден со друг. Изненадува што тоа функционира на тој начин, со оглед на тоа што за филмовите кои се појавуваат на Златен Глобус гласа мала, непозната група на новинари наречени холивудска странска прес асоцијација, додека Академијата е составена од илјадници холивудски професионалци од секаде низ светот. Глобусот може да се нарече ништо повеќе од холивудска забава, но оваа манифестација е сериозен бизнис за оние кои создаваат кампањи за награди.

Златниот Глобус е различен благодарение на различниот вид жанрови. Златниот ГЛобус препознава повеќе комедии и популарни филмови бидејќи категориите Најдобар филм, Најдобар актер и Најдобра актерка се поделени во две полиња - драма и мјузикл или комедија. Минатата година беше ужас за поделбата, со оглед на тоа што научно фантастичниот филм „The Martian“ ја освои наградата за Најдобар мјузикл/комедија и Најдобар актер за Мет Дејмон, иако филмот не припаѓа ниту во мјузикл, ниту во комедија. Оваа година, Глобусите изобилуваа со вистински комедии како „Deadpool“ и „Florence Foster Jenkins“ и вистински мјузикли како „Sing Street“ и „La La Land“.

Минатата година, победниците на Глобусите и Оскарите за малку ќе се рефлектираат - Леонардо ДиКаприо („The Revenant“) и Бри Ларсон („Room“) добија и Златен Глобус и Оскар. „Inside Out“ доби награда за Најдобар анимиран филм и на Оскарите и на Глобусите, како и Енио Мориконе за Најдобра оригинална музика од филмот „The Hateful Eight“, „Son of Saul“ за најдобар филм од не-англиско говорно подрачје и „Writing's On The Wall“ на Сем Смит за Најдобра оригинална песна.

 



Сепак, се' останато беше различно. Победникот во категоријата Најдобар филм „Spotlight“ го изгуби Златниот Глобус за Најдобра драма.

Во изминативе 10 години, Глобусите не беа добар предвидувач за Оскар за Најдобар филм. „Babel“ (2006), „Atonement“ (2007), „Avatar“ (2009), „Тhe Social Network“ (2010), „The Descendants“ (2011), „Boyhood“ (2014) и „The Revenant“ (2015) сите освоија Златен Глобус за најдобра драма, но изгубија во категоријата Најдобар филм на Оскарите. Единствено „Slumdog Millionaire“ (2008), „Argo“ (2012) и „12 Years a Slave“ (2013) освоија и Оскар и Златен Глобус во истата категорија.

Од страна на мјузиклите и комедијата, единствено „The Artist“ (2011) освои Оскар за Најдобар филм и Златен Глобус за Најдобар мјузикл/комедија. Всушност, последниот пат кога победник на Оскар за Најдобар филм припаѓал на категоријата Најдобар мјузикл/комедија, изгубил Златен Глобус. Тоа беше „Birdman“ (2014) кој изгуби од „The Grand Budapest Hotel“.

Една од најдобрите категории која добро предвидува Оскар, е категоријата Најдобар актер во драма филм. Од 2006 година па наваму, единствено Мики Рурк во „The Wrestler“ и Џорџ Клуни во „The Descendants“ изгубиле Оскар, а освоиле Златен Глобус. Така што, Кејси Афлек има голема шанса да освои Оскар за „Мanchester By The Sea“.

 

честејн


Кога станува збор за категоријата Најдобра актерка, Глобусите три години со ред погодуваат. Единствено Џесика Честејн доби само Златен Глобус за „Zero Dark Thirty“.

Истото се случува и во категоријата Најдобар актер во споредна улога - секогаш оној кој ќе освои Глобус, освојува и Оскар, додека категоријата Најдобра актерка во споредна улога стана еден вид „дива карта“. Иако Патриша Аркет го освои Златниот Глобус и Оскарот за „Boyhood“ (2014), Џенифер Лоренс и Кејт Винслет не освоија Оскар откако освоија Златен Глобус. За 2009, 2010 и 2011 година, Глобусите и Оскарите не се совпаднаа.
 
Објавено на 11.01.2017
 
fakulteti.mk©2011 - 2017