X
 28.01.2017 Живот

Како да спречете социјалните медиуми да Ви го окупираат целиот живот

Во ова динамично темпо на живеење тешко е да се почне денот, а првата работа да не е најавување на социјалните мрежи, а уште полошо е ако тоа се повторува и не е контролирано во текот на денот.

интернет зависност


Иако тие минути изгледаат безболни, тргнувањето на вниманието од вистинските обврски може да Ви го уништи животот.

Исклучете ги звуците кои Ви даваат знак дека имате известување или порака.
Најавете се на социјалната мрежа кога ќе имате слободно време и не дозволувајте да бидете прекинувани постојано. По некое време ќе сфатите колку добивате. Може да избришете непотребни апликации од телефонот или да изберете од кои Ви е важно да добивате известувања.

Намалете го бројот на оние кои ги следите. Бројот на луѓе или страници кои ги следите на социјалните мрежи има влијание колку време ќе поминете онлајн. Секоја социјална мрежа има практично копче за да престанете да следите одреден корисник. Истражете ги добро мрежите, тие може да Ви понудат алатки со кои може да не бидете преоптоварени со објави, а сепак со едно копче да можете да ги дознаете најактуелните вести.

Ставете акцент на користењето на електронската пошта. Известувањата што ги добивате по е-меил од социјалната мрежа може да Ви помогнат да одлучите дали да се вклучите на мрежата.

Едноставно, деактивирајте ја сметката:
ако ништо од понуденото не функционира, можеби значи дека сте зависни од нив. Немојте да дозволите реалните обврски да Ви бидат запоставени за светлечки екран и пријатели кои најчесто се само виртуелни. Излезете од тој свет и почнете да живеете вистински.
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот