X
 12.02.2017 Култура

„Land of Mine“ - уште една хорор приказна од Втората светска војна

Сите се момчиња, исплашени, доволно возрасни за да умрат за својата земја, доволно млади за да им израснат бради. Ја поминуваат Европа како освојувачи, најмалите запченици во Германската воена машина.


Војната е завршена но не и за нив, кои се приморани да извршат нова задача откако се заробени на военото поле. За безбедно да се вратат дома, мораат да ги исчистат последните активни мини кои се закопани долж брегот на Данска. Цел ден го поминуваат на колена, внимателно деактивирајќи ги експлозивите. Добиваат малку храна и љубезност од земјата која ја окупирале. Плачат за своите мајки кои не ги слушаат.

Накратко, ова е приказната на данската драма „Land Of Mine“ – филм кој раскажува за темните поглавја на Втората светска војна.

Само пред неколку години, „The Hurt Locker“ беше вистински спектакл, прикажувајќи иста тематика. Лесно е да се забележи зошто и данската драма е еден од петте филмови кои се натпреваруваат во категоријата за најдобар филм на странски јазик на годинешните Оскари. Емоционален филм со драматична нишка, раскажувајќи историска приказна за темно доба исполнето со загуби и сурова реалност.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура