X
 14.02.2017 Култура

Изгледот на Олимписките стадиони во Рио после 6 месеци

Летото и гламурот завршија за овој бразилски град кој беше домаќин на летните Олимписки игри. Во серија морничави и депресивни фотографии, она што пред 6 месеци биле Олимписките стадиони кои ги користеа врвните спортисти денес се валкани и напуштени, вклучувајќи го и легендарниот стадион Маракана.

olimpiski

Во град кој очајно се надеваше дека ќе исчезне сиромаштијата и долговите со тоа што ќе ги вратат парите кои ги потрошија, ова се остатоците од разрушениот сон.

Рио 2016 беше преполн со скандали дури и пред да започнат игрите, вклучувајќи го и Зика вирусот, извештаите за допинг од страна на руските спортисти и импичментот на претседателот Дилма Русеф поради корупција. Вториот по големина град во Бразил е до гуша со милионски долгови кај меѓународните кредитори, а сега ѝ должи повеќе од 900.000 долари на локална енергетска компанија.

Матни базени, истрошени терени и вандализирање е она што може да се пронајде во Олимпискиот парк. Иднината на овие шокантно запоставени згради останува неизвесна, меѓутоа дефинитивно е јасно дека не се приоритет на долгата листа на претстојни предизвици во Рио.

Линк до галеријата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура