X
 27.02.2017 Живот

Неделна временска прогноза

Денес е понеделник, 27 февруари 2017 година, 58-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:07, а ќе зајде во 17:25 часот. Денот ќе трае 11 часа и 17 минути.

Првиот ден од новата работна недела го започнуваме со облачно и топло утро, а по одделни котлини имаме и појава на магла, особено во Гевгелиско -Валандовскиот регион каде видливоста е до 100 метри.



МАКЕДОНИЈА – Во утринските часови не очекува појава на магла која што некаде ќе се задржи и во раните претпладневни часови. Претпладне постепено намалување на маглата и облачноста па попладне ќе имаме умерено облачно време со сончеви периоди и потопло време. Ќе дува доумерен слаб југоисточен и југозападен ветер. Утринските температури од 2 до 8 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 10 односно до 17 степени.

СКОПЈЕ - Во утринските часови топло и појава на слаба магла. Во текот на денот ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди и топло време. Ќе дува доумерен слаб јужен ветер. Утринската температура од 5 степени, додека пак максималната дневна до 14 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во вторник умерено облачно време со повремени сончеви периоди и топло време. Минималните температури идентични како и денешните од 1 до 8 степени, додека пак максималните дневни температури ќе се движат во интервал од 13 до 20 степени. Во среда умерено облачно време со повремени сончеви периоди, но и со услови за слаби и локални врнежи од дожд. Утринските температури во опаѓање и ќе се движат од 0 до 7 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 11 односно до 18 степени. Во четврток и петок претежно сончево со локална облачност и топло време. Во чеврток утринските температури од -3 до 4 а дневните од 11 до 18, а во петок минималните од -2 до 5, а максималните од 12 до 19 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот