X
 20.05.2016 Живот

Временска прогноза за викендот што следува



МАКЕДОНИЈА - Во Македонија во петок облачно со врнежи од дожд. Врнежите се очекуваат да започнат некаде околу пладне и тоа најпрво во западните предели и ќе се прошират насекаде. Попладне и навечер се очекуваат поинтензивни врнежи од дожд и локално да наврнат над 30 литри дожд, а во југозападните, јужните и југоисточните предели и до 50 литри дожд. Врнежите ќе продолжат и во текот на ножта петок кон сабота. Ќе дува доумерен слаб јужен и југоисточен ветер. Утринските температури од 5 до 16 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 11 односно до 21 степен.

СКОПЈЕ - Во Скопје во петок умерено облачно со услови за повремени сончеви периоди претпладне, попладне и навечер нестабилно со поинтензивни врнежи од дожд. Ќе дува доумерен слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 13 степени, а максималната дневна до 18.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Обилните врнежи од дожд во Македонија ќе продолжат и во текот на ноќта петок кон сабота и во сабота во утринските часови. Во текот на денот намалување на интензитот на врнежите и дневни температури од 10 до 20 степени. Во недела умерено облачно со повремени сончеви периоди и потопло со максимални температури кои ќе се движат од 17 до 26 степени. Во понеделник сончево и топло но ќе имаме пониски утрински температури. Утринските температури од 4 до 12 степени, а максималните од 20 до 29 степени. Во вторник умерено облачно со сончеви периоди и со услови за слаби локални врнежи од дожд. Дневните температури од 19 до 28 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот