X
 14.03.2017 Образование

Шокирани родители: Ученици од САД потполнувале анкета за сексуална злоупотреба

Родителите од едно училиште во САД се бесни на персоналот откако на нивните се дадени испитни анкети за сексуална злоупотреба. Иако анкетата е наменета за возрасни, ја потполнувале ученици, од кои најмалите имале само 9 години. Анкетата се состоела од 10 прашања.

анкета
Фото извор: The Sun/ Facebook


Учениците требало да одговорат со „да“ или „не“ на прашања како ‘Дали некогаш личности постари од Вас за 5 години пробале да Ве галат по телото на сексуален начин?’

Истражувањето барало од децата да одговорат на прашањето дали некој во семејството пати од ментална болест, дали бил во затвор или земал алкохол или дрога. Децата морале да одговорат дали ги тепа мајката или старателот и дали некогаш им се заканувал со пиштол или нож.

Поради оваа анкета некои родители ги отпишале децата од училиштето, а други размислуваат да покренат правна постапка.

Сара Бејтмен го отпишала својот син и изјавила дека се чувствува предадено и повредено. На Фејсбук споделила фотографија од анкетата и напишала:

„Да се бориме за своите деца. Не дозволувајте да бидат заморчиња на ова истражување. Вклучете се и бидете заштитници.“

Од училиштето се извиниле на родителите во писмо во кое тврдат дека анкетата била анонимна, но признаваат дека професорите не барале согласување од родителите пред да им ја дадат на децата. Тие воедно ветиле дека такво нешто нема да се повтори.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Образование