X
 30.03.2017 Живот

Синдромот К - Лажната болест која ги спасила животите на неколку Евреи

dzovani boromeo
Фото: Wikimedia Commons/Џовани Боромео

Како што илјадници Евреи во нацистички окупирана Италија биле испратени во концентрациони логори есента 1943 година, група на дисидентски доктори откриле како да спасат многу животи - измислиле лажна болест, толку заразна и толку смртоносна што нацистичките војници би биле премногу исплашени дури и да бидат во иста просторија со лица заразени од неа.

На 16 октомври 1943 година, кога нацистите извршиле упад во еврејското гето во близина на реката Тибар во Рим, како што Евреите биле апсени, лекарите сокриле голем број на бегалци во внатрешноста на ѕидовите на околната Фатебенерфратели болница. Токму тогаш докторите, вклучувајќи го и Виторио Сакредоти заедно со хирургот Џовани Боромео, направиле план на бегалците да им дијагностицираат фиктивна болест која ја нарекле Синдром К.

За сè да испадне како што треба, нацистите морале да се натераат да веруваат дека овие пациенти имале смртоносна болест која можела да се пренеси со директен контакт со нив. Во тесните возови за депортација, еден болен патник би можел да ја пренесе болеста на секој кој што бил во возот, вклучувајќи ги и војниците.

Името Синдром К дошло од д-р Адриано Осицини, анти-фашистички доктор кој работел во болницата, а кој знаел дека потребен е начин вработените да разликуваат кои луѓе биле пациенти, а кои биле Евреи кои се криеле - со цел да знаат сите доктори да му ја дијагностицираат токму оваа болест. Кога доктор ќе влезел со пациент со „Синдром К“, сите знаеле какви чекори треба да се преземат.

„Синдромот К беше ставен во документите на пациентот за да индицира дека болната личност не беше воопшто болна, туку Евреин. Ги создадовме овие документи за Евреите како да беа обични луѓе, а во моментот кога моравме да кажеме од која болест страдаат велевме „Синдромот К“ што значеше: „Примам Евреин“, како тие да беа болни, а всушност сите беа здрави. Моја беше идејата болеста да се вика Синдром К беше моја, како Кеселринг или Каплер.

Кеселринг за кој Осицини мислел бил Алберт Кеселринг, командант на нацистите кој, меѓу останатото, бил задолжен за италијанската окупација на Хитлер, додека Херберт Каплер бил СС шефот одговорен за масовните убиства во 1944 година.

Именувањето на смртоносна зараза по овие двајца безмилосни нацистички команданти за докторите беше и повеќе од соодветно.

Синдромот К не бил само име за разликување на вистинските пациенти од Евреите кои се криеле; докторите морале да пронајдат начин за болеста да изгледа реално кога нацистичките сили ја пребарувале болницата. За да го направат тоа, докторите имале посебни соби преполни со „жртви“ од болеста за која постојано ги предупредувале војниците дека е заразна и смртоносна.

Нацистите, исплашени дека ќе се разболат од мистериозната болест, дури не се ни труделе да направат увид во собите кога ќе влезеле во болницата. Меѓу пациентите имало и деца, па докторите ги учеле како насилно да кашлаат за да бидат избегнати било какви сомнежи.

„Нацистите мислеа дека е рак или туберкулоза и бегаат“, изјавил Сакредоти во интервју за „BBC“ во 2004 година - тој успеал токму со оваа болест да ја спаси неговата 10 годишна братучетка, Лучијана Сакердоти.

Кога после половина век, лагата на докторите конечно била откриена, тие станале херои поради тоа што успеале да спасат многу Евреи. Боромео бил признат како „Праведен меѓу народите“ од Јад Вашем, светски центар за сеќавање на холокаустот. Тој исто така играл важна улога во трансферот на голем број еврејски пациенти од болниците во гетата до болницата Фатебенерфратели со цел да добијат подобар третман во побезбедна средина пред да започнат нападите.

Самата болница била призната за „Куќа на животот“ од страна на Меѓународната фондација Раул Валенберг. Во годините кои довеле до рации, болницата станала позната како засолниште на прогонетите Евреи. Управата на болницата во тоа време, вклучувајќи го и Боромео, им дозволил на докторите како Сакердоти, Евреин кој бил отпуштен од претходните работни места, да работи со лажни документи.

Точната бројка на спасени луѓето од докторите во оваа болница била околу десетици. Без оглед на резултатите, брзото размислување и генијалноста на лекарите како Сакердоти, Боромео и Осицини било трошка надеж во време кога среќниот крај и не бил толку чест.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот