X
 31.03.2017 Живот

Во потрага по најдарежливата јавна личност во Македонија

Септолете Тотал во потрага по јавна личност која промовира активен напор кон благосостојбата на останатите



Со одржување на концерти, улоги во филмски или телевизиски остварувања, со пишување или сликање заработуваат повеќе од просечните луѓе, но некои од нив не се скржави кога се работи за поклонување на своето време, финансиски средства или други ресурси за да ја поддржат вредноста во која веруваат

Хуманоста е активен однос кон човековите вредности и подразбира особена грижа за луѓе што не се во состојба да ги задоволат своите основни потреби, при тоа почитувајќи ја личноста на секој поединец и зајакнувајќи го неговиот потенцијал. Многу познати личности ја користат својата експонираност да го свртат вниманието кон сериозните предизвици со кои се соочува човештвото. Така, некои од нив донираат време, некои финансиски средства, некои се гласноговорници за најголемите здравствени предизвици на денешницата, а некои ги поддржуваат граѓанските здруженија или невладините организации за заштита на ранливите категории, маргинализираните групи или заболените од ретки болести, про-боно поддржуваат кампањи против дискриминација, насилство или друг вид на неповолен третман, од чист алтруизам, филантропија, хуманост и човекољубие.   

Инспирирани од тврдењето што ја слави моќта на здравото грло и вербата дека здравото грло може да инспирира, мотивира, поддржи или охрабри некого, а во насока на препознавање на поединците  што имаат позитивна улога во животот на останатите, Септолете Тотал ги повикува сите што сакаат да посочат јавна личност која промовира активен напор кон благосостојбата на останатите,  без разлика на нормите или верските доблести, да го направат тоа на веб-страната на Септолете Тотал.

„Тимот на Септолете Тотал верува дека во основата на човечкото битие лежи љубовта и подготвеноста да помагаме и во тој контекст сакавме да оддадеме должна почит и восхит кон поединците од јавниот живот чија несебична грижа за благосостојбата на останатите ја ставаат над своите интереси. Септолете Тотал го поддржува животниот став на поединците кој вклучува несебичност, наклонетост, љубов кон останатите и подготвеност да се помогне секому, па дури и по цена на лична штета и без какво било очекување на награда или придобивка. Од тие причини сакаме да оддадеме благодарност на она лице од јавниот живот кое ќе има најмногу номинации, а чие алтруистичко однесување е инспирација за останатите. Затоа ги повикувам сите да ги номинираат јавните лица што се репрезент на овие вредности на веб-страната на Септолете Тотал“ - изјави Марија Мисовска, претставник од Крка.

Моќта на грлото е огромна и таа ни овозможува да се изразиме најдобро што знаеме. Тоа е основната идеја позади Септолете Тотал, што ја слави моќта на здравото грло и јунаштвото да се спасиме себеси од другите, но и човекољубието да ги спасиме другите од себе.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот