X
 03.04.2017 Образование

Зошто децата од секуларните земји имаат подобри резултати по математика и физика?

Децата во секуларните Чешка, Шведска, Јапонија се попаметни од оние во Бразил, Мексико, Америка, и посебно Саудиска Арабија.

религија и математика
Фото:Pixsell

Учениците во земјите со претежно религиозно население имаат полоши резултати по физика и математика, отколку нивните врсници во атеистичко агностички земји. До ваков заклучок дошло истражувањето спроведено од научниците од Универзитетот Лидс Бекет и Универзитетот во Мисури, предводено од професорот Гијсберт Стоето. Истражувањето ги опфатило учениците и нивното знаење од 82 земји во светот.

Секоја земја била оценета од една страна, според религиозноста на населението, и од друга страна според прикажаното знаење на учениците. „Земјите кои се порелигиозни покажаа пониско ниво на образование“, изјави Стоет. Чешка, Јапонија, Шведска, Естонија и Норвешка се најсекуларни земји, при што се набљудувал односот на издвоеноста на религијата од образовните институции, односно училиштата.

Велика Британија се нашла на 14-то, а Јордан, Египет, Индонезија и Катар се нашле меѓу најрелигиозните држави во светот. Образецот на поголема посветеност кон верата и истовремено сиромашното познавање на математика и физика било подеднакво јасно и на истокот како и на западот. Така учениците од Бразил, Мексико и Америка исто така имале полоши резултати. Најдобар пример е Саудиска Арабија, земја која е оценета како една од најрелигиозните земји. Воглавно, Саудиска Арабија по математика имала резултат -1.8. Нејзиниот пример е најдобар бидејќи станува збор за држава без никаков граѓански конфликт, каде образованието е бесплатно, меѓутоа учениците неделно поминуваат часови и часови на верско образование.

Проучувајќи ја ситуацијата на поединечни земји, научниците дошле до заклучок дека причината за оваа некомпатибилност помеѓу еволуцијата и традиционалните верувања, е што со себе повлекува реакција низ целата образовна програма. Стоет притоа не е атеист. Тој смета дека во училиштата треба да се учи религија и смета дека има смисла да се обработуваат теми од Библијата, но смета дека во училиштата апсолутно не треба да се учат учениците како да практикуваат религија.

Со други зборови, тој религиската настава ја смета за корисна, но верската ја смета за штетна.

„Лично мислам дека училиштата треба да бидат секуларни бидејќи гледаме дека постои врска помеѓу религијата и образованието, така што за образовниот систем би било корисно ако се насочи кон физиката и математиката“, вели еден професор, деклариран атеист. Истражувањето ја обработила и тенденцијата на верата кон половите, со што утврдило некои претходни истражувања дека жените се повеќе склони кон верата од мажите.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование