X
 01.05.2017 Живот

Еден од најмоќните луѓе на планетава на вечера кај обично семејство од Охајо

Семејството Мур од Охајо се изненадило кога на вечера им пристигнал мистериозен гостин.

фото извор: Twitter

Тоа бил Марк Цукерберг, основачот и сопственик на социјалната мрежа „Facebook“. Тие појасниле дека само неколку минути пред тој да стигне им било кажано дека најавениот мистериозен гостин е всушност Цукерберг.

„Знаев само дека некој ќе дојде и тоа е се. Но. Беше потполно неверојатно кога сфативме за кого се работи“, изјавил Даниел Мур.

Весниците пишуваат дека Цукерберг вечерал со семејството во градот Њутон Фолс, што се наоѓа на околу 80 километри од Кливленд. Истакнале дека Цукерберг барал од својот тим да му организираат вечера со семејство кое е демократски ориентирано, но на последните избори гласало за Доналд Трамп.

Патот на Цукерберг до Охајо е дел од планот со кој има намера да се сретне со обичните луѓе од сите американски држави, што дополнително ги зголеми шпекулациите дека Цукерберг можеби планира да се кандидира за претседател на САД.

Тој и неговата сопруга неодамна ветиле дека ќе вложат три милијарди долари за борба и искоренување на сите болести до крајот на столетието. Текстовите кои порано биле објавени во американските медиуми потврдиле дека Цукерберг разговарал за кандидатура со некои од неговите најблиски соработници. Кон крајот на минатата година објавил дека веќе не се смета себеси како атеист, што би претставувало проблем, доколку се активира во политика.

Членовите на семејството Мур изјавиле дека со него не разговарале цело време за политика. Сопругата на Даниел говорела за хуманитарната работа која ја извршува во Угадна, па Цукерберг и најавил дека ќе и помогне околу тоа.

„Баш е добро момче. Приземјен и многу добар соговорник“ – со овие зборови Даниел Мур го опишал Марк Цукерберг.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот