X
 27.08.2018 Забава

Најпознатото шведско семејство

Пет браќа и една сестра се дел од успешното актерско семејство од Шведска, а ги обожава цел свет.

Во последните неколку години тие се насекаде. Тешко дека можете да избегнете некој член од семејството Скарсгард - ги има во холивудските блокбастери, независни филмови, серии, на модните писти...

Ова осумчлено семејство од Стокхолм го покори Холивуд, а вие сигурно досега веќе имате омилен член од семејството.

Еве краток водич до ова убаво семејство.

Само да нагласиме - сите мажи во семејството се повисоки од 190 сантиметри.

Стелан


Таткото Стелан Џон Сакрсгард има 67 години, осум деца и втор брак. Тој е доста успешен холивудски актер кој го имате гледано во „Добриот Вил Хантинг“, „Лов на Црвениот октомври“, „Пиратите од Карибите“, „Девојката со тетоважа на змеј“, „Ангели и демони“, „Меланхолија“, „Мама Миа 2“ и многу други.

Роден во Гетебург, Стелан рано почнал да се занимава со глума и станал вистинска ѕвезда во Шведска. Често соработувал со данскиот режисер Ларс вон Триеро, а во Холивуд отишол во 1985 година.

Со докторката Му Соња Агнес Скарсгард се венчал во 1975 година и со неа има шест деца, од кои четворица се актери. Се развеле во 2007 година, а две години подоцна се венчал со Меган Еверет, со која има два сина - Осиан и Колбјорн.

Александер


Најстариот брат е Александер, кој се појави во сериите „Вистинска крв“ и „Големи мали лаги“. Има 41 година, а се појави и во спотот од песната „Папараци“ на Лејди Гага.

Првата улога во филм ја добил на само 7 години. На 13 години глумеше во успешен шведски филм, но не му се допаднала славата и фактот дека го препознавале на улица, па привремено се откажал од актерството. Повторно се вратил по 7 години, а во меѓувреме го завршил воениот рок во Шведска и студирал англиски јазик.

Густаф


Вториот по ред син е исто така актер. Густаф Каспар Орм Скарсгард е најпознат по улогата Флоки во серијата „Викинзи“, а во втората сезона на „Вестворлд“ го гледаме како Карл Странд.

Во глумата влегол уште како дете. Имал само 9 години кога ја добил првата улога.

Семјуел

Семјуел не е актер, туку доктор. Тој живее во Шведска и тоа е сѐ што се знае за него.

Бил



Нешто повеќе се знае за Бил Истван Гантер Скарсгард бидејќи минатата година глумеше во хорор-филмот „Тоа“. Има 28 години, а глумеше во филмовите „Дедпул 2“, „Атомска русокоса“ и во серијата на „Нетфликс“ - „Хемлок Глов“.

Еија


Äntligen tillbaka i klacken. Nu ska vi spöa Djurgården! 💚💚

A post shared by Eija Skarsgård (@eijalo) on

Единствената сестра во семејството, 26-годишната Еија, се занимава со манекенство уште од 14 години. По четири години се откажала од манекенството бидејќи не ѝ се допаѓало тоа што ја терале да ослаби.

Не размислува да се занимава со глума, а работи како менаџерка на ноќен клуб во Шведска.

Волтер

Nya Söderstadion 📸: @g40studio

A post shared by Valter Skarsgård (@valterskarsgard) on

Најмладиот, Волтер, има 22 години, а со глума почнал да се занимава на 7 години. Досега главно глумел во Шведска, но неговото време во Холивуд допрва доаѓа.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава