X
 12.05.2017 Култура

Средношколци од Крива Паланка ќе ја раскажуваат трагичната приказна за храбрата Ана Франк

Токму тоа ја прави поинаква изложбата „Ана Франк - Историја за денес“. Нејзините денешни врсници од Средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ ќе бидат водичи за посетителите на поставката



Средошколци под Крива Палнка денеска цел ден ќе имаат неколкучасовна обука во Градскиот музеј и вечерва ќе бидат водичи низ поставката посветена на уште една млада девојка која ги виде и запиша ужасите на војната.

Дневникот на тинејџерката која не го дочека крајот на Втората светска војна стана една од најчитаните книги на сите времиња. Токму тоа ја прави поинаква изложбата „Ана Франк - Историја за денес“. Нејзините денешни врсници од Средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ ќе бидат водичи за посетителите на поставката. И сите се сердошколци и млади волонтери кои лично ќе ја раскажуваат приказната за Ана Франк.



Градскиот музеј ја организира изложбата во чест на 9. Мај, Денот на Европа. Патувачката изложба е претставува збир од 39 изложбени панели кои носат бројни детали од животот на малата Ана и нејзиното семејство од Втората светска војна. Во нашата земја изложбата се отвора во рамките на проектот „Хисторија, историја, повјест – лекции за денес“, а организатори се Младински образовен форум и Куќата на Ана Франк од Амстердам.

- Во изложбата има и панели креирани посебно за македонскиот контекст во периодот по Втората светска војна до денес, а изработени од домашните експерти Мишо Докмановиќ и Бесник Емини. Целта на проектот е да го привлече вниманието и да поттикне дискусија за настаните од блиското минато на Западен Балкан кои се причина за различни поделби и генерирање на конфликти во минатиот век. Преку промовирање на критичко размислување за настани од историјата и нивното значење во современото време и случувања, целта на Куќата на Ана Франк и партнерите е да се постигне помирување преку дијалог за заедничкото минато - велат организиаторите.

Девојчето кое во целиот свет е препознаено како симбол на децата жртви на холокаустот е родено во Франкфурт 1929 година. Четири години подоцна со семејството се сели во Аместердам откако во Германија на сила стапуваат закони против Евреите. На почетокот на нацистичката окупација, семејството Франк се сели во тајно засолниште, каде Ана во текот на две години го пишува својот дневник. Во август 1944 е напишан последниот запис во дневникот. Откриено е засолништето на нејзиното семејство и петнаесетгодишната Ана умира во логор. Единствениот преживеан член на нејзиното семејство е Ото Франк, нејзиниот татко, кој го објавува дневникот.

Извадоци од Дневникот на Ана Франк:
„Тешко е во вакви времиња: идеалите, соништата и надежта растат во нас, и веднаш ги прегазува суровата реалност. Живо чудо што се уште се немам откажано од моите идеали, кои се чинат толку апсурдни и непрактични. Се уште се држам до нив затоа што верувам,и покрај се, дека луѓето се вистински добри по природа.“

„Јас живеам во лудо време.“

„Колку е прекрасно тоа што никој не треба да чека ниту момент за да почне да го подобрува светот.“

Ана Франк
Изложбата досега била поставена во 40 земји, а достапна е за младите од Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина и од Србија. Во Македонија изложбата доби поддршка од Министерството за надворешни работи, Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија и Амбасадата на Кралството Холандија во Македонија
Подготвил: В.Ф.
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура