X
 13.05.2017 Живот

Работи кои вистинските пријатели не ги прават

Во денешно време е сѐ потешко да се најдат вистински пријатели, а понекогаш не може да имате контрола врз тоа кој влегува, а кој излегува од Вашиот живот.

раце


За да се осигурате дека имате позитивно пријателско опкружување, осигурајте се дека Вашите пријатели не ги прават овие работи:

Не озборуваат зад грб – ако некој близок шири гласини или споделува Ваши тајни, тој со сигурност не е вистински пријател.

Не почнуваат со бесмислени аргументи – вистинските пријатели знаат дека не постои ништо помалку продуктивно од започнување расправија во која не можете да победите. Вистинскиот пријател би требало да ја прифати личноста каква што е, без разлика дали се согласува со неа.

Не го прекинуваат секој Ваш збор – во вистинското пријателство постои сослушување кога на еден од учесниците во него му е потребно тоа.

Не Ве обесхрабруваат во остварување на Вашите цели – вистинските пријатели се спремни да Ви понудат реална повратна информација без лажни зборови ако сметаат дека тоа е важно за Вашиот личен развој, но тоа нема да го сторат на крут или бесчувствителен начин.

Не Ве гледаат од Високо заради Вашето минато
– вистинските пријатели не се занимаваат со Вашето минато, без разлика какво е тоа. Наместо тоа, тој треба да понуди утеха и поддршка ако Вие сте спремни да се отворите и да зборувате за него.

Не Ве напуштаат кога има непријатни моменти – вистинските пријатели знаат дека Вие не треба да останете сами на забава на која не познавате никој и не Ве оставаат „да се снајдете сами“.

Не се љубоморни на Вашиот успех
– тие не се љубоморни ако нешто добро Ви се случи, туку напротив, со нив може да ја споделите својата среќа и двајцата да бидете среќни.

Не Ве осудуваат и не се обидуваат да се поправат
– вистинските пријатели признаваат дека и тие се далеку од совршени, па затоа не се обидуваат да Ве поправат и Вам.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот