X
 18.05.2017 Култура

Нова скулптура во Венеција која ќе ја буди свесноста за климатските промени

Венеција е позната по гондолите, каналите, и историските мостови, но посетителите ќе бидат поздравени и од друг потсетник на интимната врска со водата: гигантски пар на раце кои се појавуваат од Големиот канал за да ги поддржат ѕидовите на историскиот Хотел Ка Сагредо.

раце
Фото извор: openculture.com/twitter


Ова дело се нарекува “Support” и е креирано од скулптор од Барселона Лоренцо Куин.

Рацете на неговиот 11 годишен син се модел, а скулптурата тешка 2268 килограми стои на 9-метарски столбови на дното од Големиот канал. Ова дело би требало да има моќна порака: мора да се направи нешто за климатските промени да престанат да влијаат на нас.



Никој кој ќе ја посети Венеција на Биеналето нема да оддолее и ќе паузира пред скулптурата, дело чија визуелна драматичност бара реакција која температурните графикони или студиите со податоци не можат да ја испровоцираат сами. И дури и без нив, скулптурата на Куин не потсетува дека уметноста може да направи да размислуваме за иднината.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура