Полуматурантите денеска ќе поднесуваат документи за упис во вториот уписен рок во средните училишта во земјава, а резултатите ќе бидат убјавени утре, на 6 јули. На првото пријавување во јуни, од пријавените 17.179, примени беа 11.205 ученици.
Министерството за образование и наука информираше дека слободни места во второто пријавување има за вкупно 24.529 ученици , а уписот во некои училишта како гимназиите и медицинските струки заврши бидејќи се пополнија сите места. Квотите се проширија во скопските гимназии „Орце Николов“ и „Раде Јовчевски Корчагин“.За настава на македонски јазик во второто пријавување има вкупно 16.118 слободни места, за албански наставен јазик 7.455, за турски наставен јазик има 819. Лани деветто одделение завршија 20.712 ученици. Третиот уписиен рок е на 24 август, но училиштата кои нема да ги поплнат слободните места ќе може да запишуваат ученици до крај на август.