X
 31.07.2017 Живот

Какво време да очекуваме во првите денови од месец август

Денес е понеделник, 31 јули 2017 година, 212-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:21, а ќе зајде во 19:56 часот. Денот ќе трае 14 часа и 35 минути.

Ова утро под влијание на поле на висок воздушен притисок во Македонија имаме сончево и топло утро со температури кои што се над просечните за овој период од годината.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес тропски ден, ќе биде претежно сончево и многу топло. Ќе дува доумерен слаб северозападен и североисточен ветер кој што локално ќе достигнува брзина и до 15 км/ч. Утринските температури од 13 до 22 степен, додека пак максималните дневни температури ќе се движат во интервал од 30 до 39 степени. УВ индексот ќе има вредност 8.

СКОПЈЕ - Во Скопје денес тропски ден, ќе биде сончево и многу топло. Слаб северен ветер. Утринската температура од 19 степени, додека пак максималната дневна ќе достигне до 37 степени. УВ индекс 8.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во вторник во Македонија уште еден тропски ден, сончево и многу топло време со максимални температури од 28 до 39 степени. Во среда и четврток сончево и топло време со благ пад на температурите, утринските од 10 до 20 степени, додека пак дневните од 27 до 38 степени. Во петок сончево и многу топло време и повторно пораст на температурите, утринските од 11 до 21 степен, додека пак максималните од 29 до 40 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот