X
 15.08.2017 Образование

На Шангајската ранг листа не се најде ниту еден македонски универзитет

lista

Американските универзитети ја задржаа доминацијата на Шангајската листа на најдобри универзитети во светот. Кога станува збор за Македонија, ниту еден наш универзитет не се најде на оваа престижна листа.

Меѓу првите десет универзитети се американскиот Харвард и Стенфорд, британскиот Кембриџ, американскиот Институт за технологија во Масачусетс, американските Беркли и Принстон, британскиот Оксфорд, Колумбија, Калифорнија и Универзитетот во Чикаго.

Од универзитетите во регионот, Универзитетот во Белград успеа да ја задржи минатогодишната позиција и се најде помеѓу 201 и 300 место. Универзитетот во Љубљана е рангиран помеѓу 401 и 500 место, додека на листата нема универзитети од Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Хрватска.



Шангајската листа се објавува од 2003 година и зема во предвид шест критериуми врз чија основа рангира 500 универзитети од вкупно 1,200 регистрирани во светот, а меѓу критериумите се и број на добитници на Нобелова награда помеѓу поранешните студенти, број на истражувачи кои најмногу се споменуваат во своите дисциплини и бројот на објавени трудови во магазините „Science“ и „Nature“,

Консултантската куќа која ја објавува оваа листа ги опишува критериумите како „најверодостојни“ иако многу европски официјални лица тврдат дека критериумите се фокусирани кон истражувањето и природните науки, а како резултат на тоа се губи видливоста на хуманистичките и социјалните науки, што им штети на универзитетите од нивните земји.

Целосната листа можете да ја погледнете ТУКА.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование