X
 06.09.2017 Живот

Временска прогноза до крајот на неделата

Денес е среда, 6 септември 2017 година, 249-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:58, а ќе зајде во 19:03 часот. Денот ќе трае 13 часа и 05 минути.

Како што најавивме денес денот го започнуваме со ведро и студено утро. Од сателитската слика во 6 часот можеме да забележиме дека насекаде над Македонија е ведро.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес по студено утро со ниски утрински температури за овој период од годината кои се движат во интервал од 3 до 13 степени, во текот на денот ќе биде претежно сончево време со појава на локална облачност, ветровито и свежо време, но дневните температури ќе бидат во благ пораст и ќе бидат повисоки во однос на вчерашните, и ќе се движат во интервал од 20 до 31 степен. Ќе дува доумерен слаб северен и северозападен ветер, а понекаде во западните предели и западен ветер.

СКОПЈЕ - Во Скопје по студеното утро во текот на денот ќе биде претежно сончево и потопло време. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 10 степени, додека пак максималната дневна до 28 степени. УВ индекс 5.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во четврток во Македонија уште еден студен почеток на денот со утрински температури кои што ќе се движат во интервал од 4 до 15 степени. Во текот на денот претежно сончево време со појава на локална облачност и потопло време со дневни температури кои што ќе се движат од 22 до 33 степени. Претежно сончево и потопло ќе биде во петок кога се очекуваат повисоки температури, утринските од 6 до 17 степени а максималните дневни од 23 до 34 степени. Во сабота умерено облачно време, но постојат и услови за преодна дестабилизација на времето со локални врнежи од дожд, засега се само како услови за врнежи од дожд кои што повеќе ќе бидат застапени во северозападните, западните и југозападните предели. Максималните температури од 22 до 33 степени. Во недела повторно пад на утринските температури кои што ќе се движат од 5 до 16 степени, а во текот на денот претежно сончево со појава на локална облачност и дневни температури од 23 до 34 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот