X
 06.11.2017 Образование

Наставничката Јадранка Клисарова ја доби наградата „13 Ноември“ за образование





Наставничката Јадранка Клисарова од скопското Основно училиште „Блаже Конески“ од Скопје е добитничка на овогодишната награда „13 Ноември“ на град Скопје во областа на образованието и воспитанието.
Таа е наша позната авторка, има објавено повеќе дела, меѓу кои збирката раскази за деца „Ѕвездено јато“ (2009), сликовниците за деца „Новогодишен подарок“ и „Ѕвезда во ноќта“ (2009), романот за возрасни „Амајлија“ (2012), збирката за деца „Децата од моето училиште“ (2015) и најновата збирка за деца „Безбеден детски свет“ (2017).
Наградата „13 Ноември“ од областа на науката ја добија и Горан Кондов, специјалист-хирург по градна хирургија, и пензионираниот професор од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, Хаки Имери. Од областа на културата и публицистиката наградени се романсиерот, поет и издавач Димитар Башевски и Пунторие Муча – Зиба, поетеса и романсиер. Во областа на уметноста годинава наградени се обоистот Васил Атанасов и ликовниот уметник Стефан Хаџи-Николов. Од областа на здравствената заштита и хуманитарна активност добитници се кардиоваскуларниот хирург Жан Митрев и наставникот по физичко и здравствено образование во ОУ „Рајко Жинзифов“ – Чаир, Раде Илиевски. Од областа на спортот наградени се фудбалскиот работник Чедомир Јаневски и кајакарот Атанас Николовски.
Наградата „13 Ноември“ им се доделува на физички и правни лица како знак на признание на град Скопје за остварувања во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и образование. Наградите на добитниците ќе им ги врачи градоначалникот Петре Шилегов на Денот на ослободувањето на Скопје – 13 Ноември.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование