X
 07.11.2017 Живот

Универзитетот МИТ планира да ги дигитализира делата на Ноам Чомски

Ако сте лингвисти, сигурно сте го читале Ноам Чомски. Можеби и не се согласувате со неговите лингвистички теории, но како што теориите на Њутн се важни во физиката, така и теориите на Чомски се референтна точка за речиси секоја лингвистичка анализа во изминатите неколку децении.

фото извор: thebubble.com

Чомски ја започнал својата втора кариера како политички активист и филозоф во доцните 60-ти години зборувајќи за војната во Виетнам. Оттогаш напишал многу влијателни дела за пропагандата на масовните медиуми, политиките на Студената војна, економскиот империјализам, анархизмот итн.

Почнал да работи како професор на МИТ во 1955 година и на Универзитетот во Аризона. Библиотекарите во МИТ во архивите на библиотеката примиле над 260 кутии со лични  извештаи напишани од Чомски. Има дела од различни категории, меѓу кои и оние за активизмот, масовните медиуми, како и политички текстови.

Од универзитетот МИТ имаат цел да ја дигитализираат целата колекција и да ја направат достапна за јавноста. Ова е голем потег кој бара надминување на буџетот на библиотеката, па тие бараат финансиска поддршка. На веб-страницата од библиотекарската архива може да даде донација секој што сака или може само да погледне што оставил како наследство еден од најголемите научни и политички мислители.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот