X
 06.12.2017 Живот

Добар деловен совет: кого треба да послушате кога не знаете по кој пат да тргнете?


Девојка во парк на крстопат
(Фото: Pixabay)


Џош Бечтер (Josh Bechter) има многу титули. Тој е впишан во листата на millennials influencers кои треба да се следат во 2018 година, како еден од најпопуларните автори на социјалните мрежи и портали, како „Quore“ и „Linkedin“. Покрај тоа, тој е коосновач на „BAMF Media“, учесник во „Growth Agency“ и познат говорник. Јасно е дека знае како да ја креира содржината за да влијае и да ја анимира публиката, но и како се прават паметни потези во кариерата и работата.

Пред извесно време Бечтер објави пост на „Linkedin“ кој ви го пренесуваме како одличен деловен (но и животен) совет:

„Една жена ми напиша порака преку Linkedin. Ѝ требаше деловен совет. Подоцна разговаравме во живо и таа ми рече: ’Се наоѓам на раскрсница. Би сакала да основам своја компанија, но имам понуда и да работам со недвижности‘.

Ја прашав: ’Што се предностите на едното и на другото?‘, а таа одговори: ’Луѓето ми велат дека би била одлична во работата со недвижности‘.

Ја прекинав и ѝ раскажав една приказна.

***

Кога почнав со пишување, сите мои пријатели и семејството ми се потсмеваа со години. И не ги обвинувам, бев очаен писател. Ми велеа дека треба да се занимавам со финансии, да студирам право... Не ги послушав. Дури и кога ја објавив првата книга, не ме сфаќаа сериозно.

Беа потребни пет години, илјадници текстови и три книги пред воопшто да почнам да стекнувам лојална публика и да ја заслужам нивната почит.

И, вредеше. Затоа што го сакам пишувањето. И не би го менувал за ниту една работа на светот.

***

И тогаш ѝ реков: ’Она во што веруваш дека можеш да станеш многу се разликува од она во што веруваат другите. Најдобрата работа што можеш да ја направиш е, на прво место, да веруваш во себе.

Што ти говори твојот инстинкт дека треба да направиш во својот живот?‘

Не ми одговори. Но и двајцата го знаевме одговорот.

Не е моја работа да ѝ кажувам кој пат треба да го избере. Не е ниту работа на пријателите или на семејството.

Тоа е нејзин избор. Таа веќе ја знаеше вистинската одлука. Јас не направив ништо особено. Само ја потсетив“.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот