X
 09.12.2017 Живот

Мејлот на Елон Маск кон своите вработени кој содржи лекции за добро лидерство

Елон Маск е еден од најпопуларните претприемачи во светот. Како сопственик на неколку водечки компании, се соочува со најголемите предизвици, меѓу кои се и лидерските предизвици.


Авторот на книгата „Културен код: Тајните на високо успешни групи“, Даниел Којл, вели дека доброто лидерство е за добрите рефлекси, особено во моменти на криза. Кога има проблем во групата, повеќето лидери имаат тенденција да одговорат преку заштита на групата, да дадат до знаење дека работите ќе се средат и ќе го постават проблемот во поширока перспектива. Но, што е најпаметно во тие моменти? Во оваа смисла, условите ги исполнува мејлот на Елон Маск испратен до вработените на „Тесла“ во момент на криза.

Дел од мејлот:

„Нема зборови со кои можат да изразам колку се грижам за вашата безбедност и благосостојба. Ми се крши срцето кога некој е повреден за време на креирањето автомобили и се труди најмногу за да ја направи компанијата успешна.

Би сакал за секоја повреда да бидам лично информиран. Имам состаноци со тимот за безбедност секоја недела и би сакал да се сретнам со секоја повредена личност откако ќе заздрави, за да можам да разберам од нив што точно ни е потребно за да ги подобриме работите. Ова треба секој менаџер од компанијата да го прави, бидејќи менаџерите секогаш ја ставаат безбедноста на вработените пред својата“.

Што всушност прави Маск?

1. Изразува интензивно лично каење

2. Демонстрира грижа

3. Го дефинира идентитетот на компанијата

Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот