X
 22.12.2017 Култура

Најзначајните светски настани што ја обележаа 2017 година

tramp
Фото: Reuters

Минатата година многу луѓе изјавија дека 2016 година беше можеби најлошата година. Вакви тврдења засега нема за 2017 година, но тоа не значи дека оваа година не произведе значајни светски настани. Подолу е дадена листа со 10. најважни, а дел од овие приказни ќе продолжат и во 2018 година.

10. Падот на Роберт Мугабе.
Дали може некој истовремено да биде и херој и негативец? Кариерата на Роберт Мугабе покажува дека одговорот на ова прашање е „да“. Исто како Нелсон Мандела, и Мугабе поминал години во затвор затоа што го предводел движењето кое му ставило крај на владеењето на белото малцинство во неговата земја, тогаш позната како Родезија, а денес позната како Зимбабве. Таа победа за човечка пристојност е негова заслуга. Но за разлика од Мандела, Мугабе никогаш не сфатил дека демократијата значи откажување од моќта. 37 години управувал со Зимбабве и планирал да владее уште подолго, дури и ако тоа значело целосно уништување на економијата на оваа земја. Неговото претседателствување заврши тогаш кога тенковите се упатија во Хараре за да го принудат да се откаже од власта. Ова беше предизвикано од неговата одлука власта да ја предаде на неговата сопруга Грејс. Наместо тивко да си замине од власта, тој почна да се бори. Наскоро ја изгуби поддршката од неговата партија и по долго двоумење, конечно поднесе оставка.

9. Британија го активира Член 50.
Во јуни 2016 година гласањето за Брегзит беше само советодавно. Всушност, иницирањето на постапките за излегување од ЕУ бараше Велика Британија да се повика на Членот 50 од Лисабонскиот договор. Потегот од кој нема враќање конечно дојде на 29 март. Велика Британија сега има рок до 29 март 2019 година да преговара за условите за нејзиното заминување. Премиерката Тереса Меј се обиде да ги поткрепи слабите преговарачки сили на Британија оваа пролет со повик за предвремени избори. Но одлуката не успеа и нејзината партија го изгуби претходното парламентарно мнозинство. На почетокот на декември Британија и ЕУ постигнаа договор за неколку критични прелиминарни прашања, вклучувајќи го и тоа колку Британија мора да плати за да ги реши долговите кон ЕУ (некаде помеѓу 40 и 60 милијарди евра). Доколку не се потпише, запечати и достави договор до 29 март 2019 година или ЕУ едногласно се договори за продолжување на рокот, Британија ќе се соочи со „тежок Брегзит“. Часовникот отчукува.

8. Кризата на Рохинџите.
Рохинџите се една од најпрогонуваните малцински групи во светот. Тие со векови живееле во Мјанмар. Повеќето од нив се муслимани, но има и хиндуси, во земја во која речиси девет од десет луѓе се будисти. Долго време Рохинџите се соочуваат со дискриминација, често насилна, а владата на Мјанмар одбива да ги признае како граѓани на оваа земја. Новиот и најлошиот бран на насилство почна во август кога Рохинџите започнаа да бегаат во соседен Бангладеш, раскажувајќи приказни за масовни убиства, систематско силување и тортура. Повеќе од 400.000 Рохинџи ја напуштија земјата и илјадници други се раселиле внатрешно. Војската на Мјанмар негира дека извршила злосторства, инсистирајќи на тоа дека се бори против нападите врз полициски станици и воени бази од страна на бунтовниците Рохинџи. Но јасно е дека владата на Мјанмар започнала етничко чистење. Аунг Сан Су Ки, добитник на Нобеловата награда за мир и најистакнатиот официјален претставник на Мјанмар, направи многу малку за да го прекине насилството.

7. Падот на Мосул.
ИД го шокира светот во 2014 година кога нејзините сили го освоија Мосул, втор град по големина во Ирак. Во рок од еден месец ИД прогласи нов калифат. Конечно, во октомври 2016 година, ирачките и курдските војници, поддржани од Велика Британија, Франција и САД, како и Иран, започнаа офанзива за ослободување на Мосул. Во јуни 2017 година, по тригодишна окупација, градот конечно беше ослободен. Но плати висока цена. 40.000 цивили загинаа во борбите, а над милион беа раселени. Самиот град беше уништен, а ќе бидат потребни години за повторно да се обнови.

6. Мохамед бин Салман ја промени Саудиска Арабија.
Саудискиот наследник Мохамед бин Салман е млад човек кому му се брза. Уште во јуни, неговиот татко, кралот Салман, го назначи својот син за наследник. Така Мохамед бин Салман веднаш почна да работи, а неговата цел е да ја промени Саудиска Арабија со помош на „Визија 2030“, двегодишна иницијатива за модернизирање на економијата и општеството во Саудиска Арабија. Идејата е да ја подготви земјата за иднината и да ги намали конзервативните општествени структури. Неодамна тој спровел „чистка“ во која успеал да уапси 11 негови роднини кои биле под обвиненија за корупција. Експертите сметаат дека Мохамед е најдобрата шанса на Саудиска Арабија за модерна и просперитетна иднина.

5. Се зголемува глобалниот раст
. По десет години од започнувањето на големата рецесија, глобалниот економски раст се забрзува, а берзите низ целиот свет постигнуваат рекордни издигнувања. ММФ во октомври соопшти дека анализите покажуваат зголемена доверба, додавајќи дека заздравувањето сè уште не е завршено. Дури и Русија, која се бореше неколку години поради ниските цени на нафтата и санкциите врз Украина, забележува скромно зголемување.

4. Земјата продолжува да се топли.
Веста не е добра. Земјата се затоплува без разлика дали луѓето веруваат или не. Во септември американската Национална океанска и атмосферска администрација објави дека 2017 година ќе биде втората најтопла година, а 2016 година беше најтоплата година за Земјата. Дали катастрофалните урагани докажуваат дека човечката активност ја менува климата? Не. После сè, катастрофалните бури не се некоја новост. Сепак, драматичното топење на Арктикот и Антарктикот и глечерите низ светот се нешто што климатските научници го предвидуваат со децении. Станува збор за основна физика - температурите на потоците на океаните значат поголеми бури. Но зголемените докази дека климата се менува не ги поттикна владите да преземат нешто за значително намалување на емисијата на гасови.

3. Северна Кореја му пркоси на светот.
Сите американски претседатели инсистираа да ја спречат Северна Кореја да се здобие со нуклеарно оружје. Тоа го поддржаа со наметнување санкции и закани за воени акции. Но Северна Кореја не слушаше. Во септември земјата го спроведе својот шести нуклеарен тест. Три месеци подоцна Северна Кореја ги тестира балистичките проектили способни да погодат кој било град во Америка. Претседателот Трамп изјави дека ќе ја запре Северна Кореја, ветувајќи дека земјата ќе се соочи со оган и бес каков што светот не видел досега. Од друга страна, дозволувањето на Северна Кореја да остане нуклеарна сила претставува голем ризик. Вашингтон, Пекинг, Сеул и Токио имаат тешки избори во 2018 година.

2. Извонредната височина на Кси Џинпинг.
Ни Адел со нејзините пет награди „Греми“ немала толку добра година колку кинескиот претседател Кси Џинпинг. Иако Кина очигледно ги искористува правилата за меѓународна трговија, Кси доби овации за неговиот говор во Давос, застапувајќи ја глобализацијата. Во април претседателот Трамп помина дводневен самит во Мар-а-Лаго, избегнувајќи ја неговата типична реторика во која постојано е против Кина. Во јуни, Кси освои повеќе светски признанија за неговата посветеност на договорот за климатските промени во Париз. Но неговиот најголем успех дојде во октомври на 19. Конгрес на Комунистичката партија во Кина, кога му беше доделен уште еден петгодишен мандат како партиски генерален секретар. Исто така, беше именуван како „главен лидер“ - титула што не ја доби неговиот претходник, Ху Џинтао. Кога Трамп го нарече Кси „крал на Кина“, за време на неговата посета во земјата, тој не беше далеку од вистината. Кси е најмоќниот лидер на Кина уште од Мао Ѕедунг.

1. Доналд Трамп стана шампион на „први нешта“ што Америка ги доживеа
. Доналд Трамп водеше кампања во која ветуваше дека ќе работи поинаку и ќе презема различни акции кога станува збор за надворешната политика. И тој си стоеше на зборот. Го откажа учеството на Америка во Транспацифичкото партнерство, ја повлече и од Парискиот договор за климата, одби да потврди дека Иран е во согласност со своите нуклеарни обврски, го призна Ерусалим како главен град на Израел, ја зголеми употребата на беспилотните огледала. Ги засили, наместо да ги повлече, американските трупи во Авганистан. Голем дел од најблиските сојузници на Америка се загрижени. Тие стравуваат дека ерата на американското глобално раководство завршува. Ако е така, последиците се епски.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура