X
 17.01.2017 Живот

Како овој човек ги натера Американците сериозно да ја сфатат парапсихологијата

Едно априлско попладне 1954 година, на новинарска прес конференција во Бон, Германија се обратил Никола Евгенијевиќ Кхокхлов, поранешен капетан на руската тајна служба КГБ. Никола во Германија пристигнал со задача да го убие лидерот на анти-комунистичка организација.

Наместо да ја изврши задачата, тој пребегнал и се предал на американските агенти, кажувајќи им го планот за атентатот.

Иако прес-конференцијата на Никола се случила само неколку недели откако уште еден висок функционер на руската тајна служба пребегнал во Австралија, тоа било доволно голем настан за да ги окупира насловните страни. На конференцијата го донел и оружјето со кое требало да го изврши атентатот - навидум нормална кутија цигари.

Кога кутијата се отворила, внатре имало цигари, но кога ќе се притисне скриеното копче подолу, излегувал малечок скриен пиштол чии куршуми биле со отров. Било совршено оружје бидејќи било лесно и изгледало невино. Звукот кој пиштолот го предизвикувал не бил погласен од пукање со прстите.

Никола подоцна сведочел пред Конгресто на Америка за активностите на советската тајна служба и станал еден ид медиумска ѕвезда. Неговата приказна станала предлог за серијал во „Сатрдеј ивнинг постt“ под името „Не сакав да убивам за Советите“, а во 1957 година тој објавил и мемоари под наслов „Во името на свеста“.

Истата година тој преживеал и атентат. Откако одржал говор во Франкфурт, му било послужено кафе за кое подоцна изјавил дека „не било добро како претходно“. За брзо време се почувствувал уморен. „Ме притискаше некаква чудна, невидлива тежина“, напишал тој подоцна. Паднал на паркингот. Бил затруен со талиум, отров со бавно дејство кое кај жртвата предизвикува тешка болка.

1
Фото: Wikipedia

Имал среќа. Бил пронајден и на крајот успеал да се опорави после неколку недели поминати во болница. Атентатот врз него се случил отприлика во исто време кога бил лансиран и „Спутник“. „И јас бев пример за достигнувања на советската наука. Целосно ќелав, со лузни толку лоши што едвај познаниците ме препознаваа. Бев доказ дека советската наука на убивање не е семоќна“, пишува Кхокхлов во неговата книга.

Откако пребегнал од КГБ, преживеал атентат и неколку години поминал под медиумските рефлектори, очекувано било да се повлече на тивко место. На крајот, се одлучил за академски живот, меѓутоа не може да се каже дека живеел нормален живот.

Во 60-те започнал да студира психологија на Универзитетот Дјук. Во текот на студиите, влегол во кругот на Џозеф Бенкс Рајн. Рајн бил психолог од Пенсилванија кој за време на студиите станал фасциниран од идејата дека човечкиот ум има моќ и над основните сетила. Ја проучувал екстрасензорната перцепција и телепатијата и на крајот го основал Институтот за парапсихологија на Дјук. Под влијание на Рајн, и Кхокхлов станал заинтересиран за паранормалноста.

Во септември 1966 година, Кхокхлов во Институтот на Рајн го презентирал трудот „Врската на парапсихологијата со комунизмот“. Во зградата на Институтот се собрале голем број истражувачи на паранормалното. „Во советска Русија постои значителен интерес за истражување на парапсихологијата“, го започнал неговото изложување.

„Советската влада ги охрабрува ваквите истражувања“, изјавил тој, и завршил со оптимистички тон. „Судбината на денешниот свет зависи од општото сфаќање за тоа што е навистина тој човек. Ние тука, од оваа страна на железната завеса, сме мала заедница на парапсихолози кои се обидуваат да го прошират поимот човек“, изјавил тој.

Рајн трудот на Кхокхолов го објавил во неговата книга „Парапсихологија денес“ и му понудил место во неговиот Институт после завршувањето на докторатот, меѓутоа Кхокхолов одбил. Отишол на запад, во Калифорнија, каде станал професор на државниот универзитет во Калифорнија. Продолжил да се занимава со парапсихологија. Држел и предавања од подрачјето на експериментална хипноза и духовен живот.

Добил американско државјанство во 1970 година, а во 1992 година бил помилуван од рускиот претседател Борис Елцин. Со текот на годините, неговите интереси за парапсихологија згаснале, па се насочил кон зачувување на природната средина. Починал во 2007 година од срцев дар.

Во неговите дела се гледа директната врска помеѓу неговата аверзија кон комунизмот и интересите кон паранормалното. „Работите кои комунизмот сака да ги избрише од постоењето, како што е свеста, честа, посветеноста кон божјите заповеди, се работи кои ќе го уништат. Овие елементи ќе се покажат помоќни од рационалните, материјалните сили“, напишал тој во неговите мемоари.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот