X
 17.07.2023 Култура

По 13 години, Нолан конечно ја објасни завршната сцена на филмот „Почеток“

Дали крајот на филмот „Почеток“ е реалност или друго ниво на светот на соништата?

Кристофер Нолан е добро познат по тоа што остава дел од неговата публика да размислува откако ќе ги догледа неговите филмови. Веројатно најголемиот од нив беше неговиот филм „Почеток“ од 2010 година. Филмот вклучува свој вид мултиверзум, при што централниот заплет се фокусира на грабеж што се случува во многу нивоа на реалноста на соништата, а на крајот се гледа дека главната ѕвезда Леонардо ди Каприо навидум добива среќен крај со своето семејство.

Обожавателите на филмот често се прашуваа што точно гледаа во последните моменти од филмот, прашувајќи се дали крајот е реален или само друго ниво на сонот.

Нолан објасни што треба да сфати публиката од последната сцена на филмот.

- Крајот на „Почеток“ е токму тоа. Постои нихилистички поглед на тој крај, нели? Но, исто така, тој продолжи со своите деца. Двосмисленоста не е емоционална двосмисленост, туку интелектуална за публиката - вели тој.

Како и многу филмови, „Почеток“ е филм кој бара одредена доза на концентрација за публиката да биде во тек со она што се случува. Има толку многу пресврти, па треба повеќе пати да се гледа за да се разбере кои делови се вистински, а кои се базирани на потсвеста.

Ликот на Ди Капри, Коб, мора да изврши грабеж од соништата за да се соедини со своите деца, од кои е разделен. Откако ќе си го исчисти името, на Коб му е даден среќен крај, но крајот на неговото патување може да се толкува на повеќе начини.

Иако Нолан на некој начин го објаснува крајот, треба да се знае дека „Почеток“ е филм кој е исто толку за патувањето колку и за крајот. Секој е слободен да ја толкува последната сцена на Коб како што сака. И иако ќе има публика која ќе биде задоволна со крајот на Нолан, други ќе бидат убедени дека крајната сцена е само уште еден дел од сложената реалност на соништата.



Извор: Movieweb.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура