X
 17.08.2018 Живот

Работа од соништата на овој рајски остров во Грција

Ако преселувањето на прекрасен остров опкружен со тиркизно море, во мир и тишина ви се чини како идеална можност, тогаш оваа работа е дефинитивно за вас.

Имено, „God's Little People Cat Rescue“ е организација која ги спасува мачките, а се наоѓа на прекрасниот грчки остров Сирос и бара кандидати за работа.

Потенцијалните нови вработени лица ќе мора да ги исполнуваат следните задачи - ќе мора да ги галат, хранат и да се грижат за 55 мачки, а за возврат ќе добијат бесплатно сместување, храна, вода, струја и секако, плата. Ако овој оглас сам по себе не е доволно привлечен, ќе добиете и нешто што не може да се купи - поглед на Егејското Море и прекрасна градина.

работа

Условите што ги поставува организацијата се возачко искуство и голема љубов кон животните. Организацијата на својот фејсбук-профил дополнително објаснува дека прво станува збор за волонтирање, од 2 до 4 недели, а по тест-периодот следува и платената работа.

Работодавците сакаат ентузијасти, луѓе што го сакаат животот и животните и чии мотиви не се исклучиво парите и лесната работа.

По почетниот волонтерски период се потпишува договор на најмалку 6 месеци, а сите заинтересирани можат да се пријават до крајот на август на огласот на „Фејсбук“.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот