X
 17.10.2023 Економија

Кои земји примаат најголема финансиска помош од САД?

САД потрошија над 50 милијарди долари за помош на над 150 земји и територии во 2021 година. Секоја година американскиот Конгрес обезбедува финансии за помош во странство врз основа на фактори како национална безбедност и комерцијални и хуманитарни интереси.

Во мапа, „Ју-ес-еј фактс“ користи податоци од УСАИД за да ги покаже државите што добиле најголема финансиска помош од САД во 2021.

Според мапата, Македонија добила помош во вредност од 30,4 милиони долари од САД во 2021 година. Во регионот, Босна и Херцеговина добила најголема помош - 65 милиони долари. Следуваат Косово со 58 милиони долари, Србија со 36,7 милиони долари и Албанија со 18 милиони долари.



Според податоците, на светско ниво, Авганистан примила најголема финансиска помош од САД - 1,5 милијарди долари. Следуваат Етиопија со 1,4 милијарди долари, Јордан со 1,3 милијарди долари, Јемен со 1,1 милијарди долари и Јужен Судан со 1 милијарда долари.

Израел добил најмногу помош од крајот на Втората светска војна

Во периодот од 1946 до 2021, САД потрошија над 3,75 билиони долари за странска помош. Израел примил најголем дел од оваа помош - вкупно 312,5 милијарди долари.

Следуваат Виетнам со 184,5 милијарди долари, Египет со 183,7 милијарди долари, Авганистан со 158,9 милијарди долари и Јужна Кореја со 120,7 милијарди долари.


Фото: Visual capitalist

Извор: Visual capitalist
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија