X
 03.01.2018 Живот

ПОЗНАТИТЕ ЗА ГОДИНАТА ШТО ИЗМИНА: Јелена Јованова, актерка – Бурна година со седум проекти во четири земји





Што за Вас лично ја одбележа 2017?

- 25.838-те поминати километри за да стигнам до филмски сет или театарска сцена. Седум проекти во четири различни земји. Наградата на „Златна бубамара“, која секогаш ме радува. Личниот прогрес, но и понекоја лузна. Бурна и хаотична беше оваа година и вредна е секоја непроспиена ноќ во неа.

Кој е настанот или личноста што ја одбележа 2017 во Македонија?
- Телевизиската револуција и успехот на секоја снимена серија годинава. Се надевам ова нема да е само уште еден инцидент, туку нов систем кој ќе се развива и ќе функционира.

Што би им посакале на младите од Македонија во 2018 година?
- Бранете ја вистината. Останете вечно жедни за напредок. Истово важи и за мене!
Подготвил: Сребра Ѓорѓијевска / srebra.gjorgjijevska@fakulteti.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот