X
 23.01.2018 Образование

Второoдделенците во Ѓорче се вратија на настава – добија нови наставнички, едната со големо искуство

Од општината потврдија дека е направен превид при кадровските распределби и жалат заради тоа. Ни понудија едната од новите наставнички да биде поквалитетна и со искуство, иако првенствено планирале одделението да го преземат две нови, без искуство



Учениците од второ-А од школото ,,Димитар Поп Георгиев-Беровски“ во скопската општина Ѓорче Петров утрово се вратија на настава, откако повеќето родители вчера попладне биле на состанок со претставници на Општината. Родителите на 31 дете решија да вчера да ја бојкотираат наставата, затоа што ненајавено, по завршувањето на зимскиот распуст целодневната настава на децата ја презеле два нови наставника. Родителите тврдеа дека случајот нема политичка заднина и најавија дека и денеска ќе бојкотираат.

Мајка на едно од децата објаснува дека на средбата разговарале со просветен инспектор од Општината Ѓорче Петров.
- Се изборивме за одредени бенефиции во однос на новите наставници. За претходните категорично се оградуваат дека биле незадоволни од нивната работа и имаат право на непродолжување на договорот. Од општината потврдија дека е направен превид при кадровските распределби и жалат заради тоа. Ни понудија едната од новите наставнички да биде поквалитетна и со искуство, иако првенствено планирале одделението да го преземат две нови, без искуство. Претходните наставници што ги учеа децата поднеле жалба пред пет дена и сè уште тече законскиот рок. Мнозинството родители инсистираа децата да се вратат на настава и тие се веќе на училиште. Тие ќе се сретнат со двете наставнички. Едната е со долгогодишно искуство, сертифицирана во Лондон за активна настава, а другата е млада и без искуство – објаснува мајката.

Таа додава дека законските регулативи се едно, но човечкото однесување е сосема друга категорија. Родителите добиле информација дека во образованието одделенски наставник не смее да добие решение на неопределен рок пред да стекне работно искуство од две години искуство. Училиштето во тој период им ги продолжува договорите на шест месеци или на една година.
- Дури потоа ако е задоволно училиштето бара решение од МОН за тој кадар. Значи во законот е предвидено дека на децата да може често да им се менуваат наставниците. Тоа мора поинаку да се реши. Овој тренд во образованието мора да прекине – вели мајката.
Подготвил: Весна Ивановска-Илиевска / vesna.ivanovska@fakulteti.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование