X
 01.02.2018 Живот

Од блогот на проф. д-р Кирил Барбареев: „Тројцата браќа, таткото и татковината“

…„ Вие сте осудени да живеете во состојба на пропаѓање. Не на пропаст, затоа што пропаста е дефинитивна состојба и не на благосостојба, од која сте далеку, туку на пропаѓање. Постојано и постојано пропаѓање. Во истите дупки. На ист начин. Повторно и повторно. Упорно и тврдоглаво. Никогаш не извлекувате никакво искуство. Па мечка во циркус научува да вози велосипед…После две ракии ви светнуваат очите и почнувате да се прегарнувате, бакнувате и да му се заканувате на цел свет. Или не пијте или научете подобро да поднесувате алкохол…“


Ова е дел од драмата „Диво Месо“ на Горан Стефановски напишана пред повеќе од триесет години. Вистинска слика на нашето општество претставена преку неколку ликови кои многу јасно и прецизно ја отсликуваат нашата вечна реалност. Драма која ја дијагностицира и објаснува состојбата на нашиот човек, нашето семејство, нашата средина, нашата татковина. Воопшто не е за чудење како идејата на драмата е актуелна континуирано до денес.

Тројцата браќа во драмата имаат различни погледи на светот. Едниот обземен од идеалот и надежта дека системот може да се сруши и промени на подобро, вториот обземен од страста за успех и по секоја цена подготвен на сè па дури и да го понижи своето семејство и третиот кој ја загубил надежта и разочаран бара утеха во алкохолот. Родителите немоќни сведоци на губењето на куќата и пропаѓањето на семејството.

Менталитетот на ова семејство е сликата на македонскиот менталитет денес. А, што е всушност менталитетот (лат: mens – „ум“, „нешто поврзано со духот“) – тоа се доминантните размислувања, душевните особини, склоности, судови и концепти на однесување на еден човек или на еден цел народ.

Таткото: „…Сè ќе запустите. Не признавате ни ѓавол ни бог. Немате ред ни во главите, ни во телата. Сè на своја рака, со првиот ветар, како муви без глава. Мислите сè што лета се јаде. Европа ве бара! И се прди на Европа за вас…“

Превземено од блогот Еуритмија на проф. д-р Кирил Барабареев

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот